14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПасоши и лични карти со Северна ќе добиеме без разлика дали преговараме...

Пасоши и лични карти со Северна ќе добиеме без разлика дали преговараме со ЕУ или не

Недобивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ нема да го одложи менувањето на личните документи на граѓаните на земјава со новото уставно име – Република Северна Македонија.

И покрај дилемите и дебатите кои се отворија во јавноста за тоа дали и во кои сегменти француското вето ќе ни го зачува старото уставно име Република Македонија, Договорот и законите се јасни и тие предвидуваат дека новото име ќе биде дел од пасошите, личните карти и возачките дозволи без разлика дали сме почнале преговори со ЕУ или не.

Имено, во договорот се предвидени два преодни периода за промена на постоечките документи – технички и политички. Политичкиот период е оној кој зависи од отворањето и затворањето на преговорите со Унијата, додека техничкиот не е врзан со тоа.

Според Договорот од Преспа, техничкиот преоден период се однесува на сите официјални документи кои се издаваат во земјава, а се наменети за меѓународна употреба, но и за документите за внатрешна употреба кои може да се користат и надвор од државата. Рокот за ова истекува во 2023-та.

– Ова значи дека „техничкиот“ преоден период е максимум пет години, во кој период треба сите постојни документи кои можат да бидат и за надворешна употреба да бидат во согласност со амандманите од 33 до 36 на Уставот – појаснуваат од Владата.

Покрај пасошот, тука се и личните карти бидејќи граѓаните може да ги користат за патување во речиси сите земји на Балканот, како и домашните возачки дозволи затоа што државата има потпишано низа договори со европски земји за меѓусебно признавање.

Од Владата засега немаат прецизен одговор кога ќе се почне со издавање лични карти и пасоши со новото име бидејќи, велат, станува збор за комплексна постапка во која ќе бидат специфицирани повеќе уставни и законски решенија. Но, најавуваат дека наскоро ќе се потпише договор.

– Во моментов се одвиваат преговорите во врска со техничките елементи и критериумите на набавката, а Договорот се очекува да биде потпишан наскоро. Во Договорот ќе биде специфицирана динамиката на испорачување на нарачката, во конкретно испланирани чекори и тоа фаза по фаза сукцесивно, со што ќе добиеме детално утврдена временска рамка за реализација на набавката усогласена со утврдените уставни и законски измени – велат од Владата.

Новото име нема да го има само на документите кои се исклучиво за внатрешна употреба. Со „Република Северна Македонија“ документите ќе се издаваат постепено со отворање на поглавјата со ЕУ.

– Овој преоден период е врзан со отворање на поглавјата со ЕУ и затоа и се вика „политички“, бидејќи не е однапред извесен туку зависи од друга политичка одлука – велат од Владата.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...