18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСтефан од Чаир: Со месеци живеам во темница и студ поради долг...

Стефан од Чаир: Со месеци живеам во темница и студ поради долг од 200.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Капата ја става не за да излезе надвор, туку за да легне да спие. Во собата каде е студено и едвај може да се седи неколку минути, а не пак да се преспие. 31 годишниот Стефан Ивановиќ од Чаир со месеци живее во темница бидејќи не може да го плати долгот кој изнесува над 200 илјади денари. Живее сам мајката му починала пред неколку месеци.

<

„Боледувам од церебрална парализа. Болеста е проследена со спазми на долниот дел од мускулатурата. Понекогаш и горе се покачуваат, на горниот дел. Болеста е прогресивна. Фаќа замав, се повеќе и повеќе како стареам. Јас се трудам да не ги изоставам терапиите што ми се препишани од доктор. На секои шест месеци ми следува рехабилитација во катлановска бања.“, вели Ивановиќ.

Стефан зема социјална помош од само 6 илјади денари, иако има попреченост и не е физички способен на работи. Нема доволно пари да купи ниту лекови.

„Лекови примам за спазми баклофен мировел тие се грчки лекови за опуштање на мускулатурата и стабилизирање на спазмите. Но сега во моментов не сум моќен да ги купувам. Пијам како замена диазепам и стоп грч. Колку чинат тие лекови кои не може да ги купиш? 500 денари“, рече Ивановиќ.

Не може да подготви ништо за јадење па затоа користи плинско. Тој најчесто купува конзерви за јадење. Кога го посетивме, јадеше паштета.

Се уште чека од ПИОМ да му ја проценат инвалидноста.

„Имам поднесено и во ПИОМ документи мои од мојата болест. Тие сега се наоѓаат во Тавталиџе во комисија а разгледување. Очекувам да ме викнат да земам наод и мислење за проценка на инвалидноста во кој ќе пишува дали јас сум способен за работа и колку проценти сум оштетен“, рече Ивановиќ. (10:25-48)

Стрефан Ивановиќ кој боледува од церебрална парализа секојдневно оди во некое кафуле каде му дозволуваат да се згрее и да го наполни мобилниот телефон со батерија. Барал помош и од владата и од институциите, но досега нема одговор.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...