19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаРадиотелевизија на Србија: Мијаците се старо српско племе што и денес...

Радиотелевизија на Србија: Мијаците се старо српско племе што и денес живее во Македонија!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Радиотелевизија на Србија (РТС) за в сабота најавува нова епизода од емисијата
„Квадратура на кругот“, во која се присвојуваат Мијаците од Македонија!
„Мијаците се старо српско племе што и денес живее во Македонија. Ги задржале
обичаите на Немањиќи, а се верува дека го изградиле Хиландар. Денес меѓу нив само
малцинство се изјаснуваат дека се од српска националност, мнозинството се
Македонци, а оние што држат до тоа дека се Бугари пракрично и ги нема“, вели во
најавата во денешната утринска програма, во која гостуваше авторот Бранко
Станковиќ.
Покрај за организацијата според племенски принцип, за животот во заедници во
големи куќи на неколку ката, за 120.000 овци во само четири мијачки села пред еден
век, при што мнозинството домаќини имале најмалку 5.000, за извозот на кашкавал во
Америка, каде што имале свое претставништво и за манастирот Св. Јован Бигорски
како средиште на нивниот духовен живот, посебно место е посветено на Хиландар.„Јас не ја отворив таа приказна, јас се држев до зборот на науката, на сериозни
истражувачи, на Јован Цвииќ, на Тома Смиљаниќ, кои истражувале пред еден век, кога
сè уште имале целосен допир со српските корени“, вели Станковиќ.
Наспроти српскава верзија за припадноста на Мијаците, македонската вели дека тие се
дел од македонскиот народ, именувани според македонско словенско племе кое се
населило во долнореканскиот регион на Македонија во 5 и 6 век. Покрај по
сточарството, тие биле надалеку познати и како вешти дрворесци и иконографи.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...