34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЗлата Штерјоска од Кичево: За два ипол денари сега треба да платам...

Злата Штерјоска од Кичево: За два ипол денари сега треба да платам 600.000 денари (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За два ипол денари заостаната камата од земен кредит во 2007-ма година кичевчанката Злата Штерјоска сега треба да плати околу 600.000 денари. Ова таа го кажа денеска на протестот на организацијата “Стоп за извршители” кој се одржа во Скопје.

<

„Го исплатив во 2008ма година, во целосна сума исплатив 224.000, оставила намермо банката камата од 2.5 денари само да биде кредиот отворен. После судска пресуда сегде се водеше нигде не го доставува уплатата на овој извод што го има од банката“

Активистот од организацијата “Стоп за Извршители” Марјан Ристески заедно со останатите незадоволни граѓани на протестот меѓудругото побара запирање на присилната наплата, отпис во целост на старите долгови и укинување на каматата.

Тие ја повикаа Владата да работи уште во овој домен за конечно да се воспостави силна правно-институционална рамка, во спротивно најавуваат поголеми протести.

Последните податоци на организацијата “Стоп за извршители” се дека 107.000 блокирани сметки, од кои над 80.000 се на физички лица.

Извор: Канал 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...