25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗАЕВ, РАМА, ВУЧИЌ: НЕ ЈА ОБНОВУВАМЕ ЈУГОСЛАВИЈА, ТУКУ НОСИМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ НА...

ЗАЕВ, РАМА, ВУЧИЌ: НЕ ЈА ОБНОВУВАМЕ ЈУГОСЛАВИЈА, ТУКУ НОСИМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ НА БАЛКАНОТ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премин на границите само со лична картa, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите се само дел од продобивките кои ги носи декларацијата на која потпис ставија премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

<

Оваа иницијатива според премиерот Заев меѓудругото е и позитивна порака до сите земји членки на ЕУ и можност за забрзување на процесот на интеграција на целиот регион во Унијата.

Ова не е Југославија, ниту Голема Албанија, ова е поврзување кое носи подобра економска иднина за граѓаните на Балканот,  рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Мерките во декларацијата нема да ги заменат и целосно ќе ги почитуваат постојните заложби на ЦЕФТА, РЕА, МАП или Договорот за транспортна заедница, туку ќе ги надградат во духот на продлабочување на регионалната економска интеграција, потенцираше албанскиот премиер, Рама.

Но оваа иницијатива и покрај бројните придобивки кои ги најавија лидерите и понатаму е неприфатлива за Косово и косовскиот претседател Хашим Тачи, кој на својот ФБ-профил напиша дека не сака да ја замени својата евроатланска иднина со ниту една регионална иницијатива, објаснувајќи се зошто одбил да биде дел од трилатерлката Заев-Вучиќ-Рама во Охрид.

За Тачи оваа регионална иницијатива е „бесмислена“ се додека Србија и БиХ не ја признаат независноста на Косово.

„Ние сме посветени на надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само кога тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како рамноправна држава” – напиша Тачи.

Воздржани за иницијативата се и Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ рече дека неговата земја се уште нема дефинитивен став во врска со „Малиот Шенген”, а истото мислење го сподели и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Следната средба е договорено да се одржи во Драч на 21 декември, а на истата е најавено и присуството на Жозеф Борел,  наследникот на Федерика Могерини.

Денешната средба е продолжение на првата која пред точно еден месец тројцата лидери ја одржаа во Нови Сад.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...