27.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаСветБугарите од Америка сакаат Ф-35 и пат на Месечината

Бугарите од Америка сакаат Ф-35 и пат на Месечината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Авиони Ф-35, укинување на визите, инвестиции и пат на Месечината – ова се потенцијалните теми на разговорите при посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Америка, изјави поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси за бугарската национална телевизија БНТ.

<

„Најпрвин треба да се отвори прашањето за понатамошниот развој на бугарското вооружување, пред сѐ за купувањето на Ф-35“, кажа тој.

„Бугарија купи Ф-16, но треба да размисли и за купување авиони од следната генерација. тие (Ф-35) масовно се појавуваат и во Пентагон и насекаде низ светот, па Бугарија треба да размислува стратегиски – 10 до 15 години однапред“, изјави Паси.

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија смета дека на Бугарија ѝ е потребно поголемо воено присуство на САД во Црното Море.

„Тоа е нешто што може да ги попречи нападите на господинот (Владимир) Путин“, изјави Паси.

Покрај тоа, Паси смета и дека Борисов од американскиот претседател Доналд Трамп треба да побара САД да ги вклучат Бугарите во својата следна мисија на Месечината.

Тој истакна дека треба да се иницираат прашањето за укинување на визите, зголемување на американските инвестиции и исполнувањето на „дамнешниот сон на Бугарите“ – да испратат човек на месечината.

„Сега е вистинското време да се премине на реализација на стариот сон на Бугарија во нашите билатерални односи: да се испрати космонаут со (мисијата) на НАТО“, изтакна тој.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...