11.7 C
Ohrid
сабота, септември 26, 2020
Почетна Македонија МАНЧЕВСКИ: Имаме потреба од нови вработувања во државните институции.

МАНЧЕВСКИ: Имаме потреба од нови вработувања во државните институции.

Translate (Eng):[gtranslate]

Огласи за вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат, изјави денеска, министерот Дамјан Манчевски и најави дека огласите нема да се стопираат поради изборите, бидејќи институциите имале потреби.

Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Манчевски.

– Огласите не ги распишува Министерството. Ние немаме евиденција кому што му треба. Затоа има раководители на институции. Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација, бидејќи тоа не е надлежност на МИОА, туку на Агенцијата за администрација, рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод Годишната конференција на РеСПА за реформа на јавната администрација на тема: „Дигитална трансформација: Реформа на јавната администрација за дигиталната ера“.

РЕКЛАМА

Нешто што нема врска со изборите, посочи тој, се случува на крајот на секоја година согласно функционирањето на кој било Буџет.

– На крајот на секоја година се прекинуваат договорите на определено и доколку има потреба институциите повторно распишуваат огласи во новата година за нови договори на определено. Ова е нешто што се случува секоја година без разлика дали има избори или не, туку едноставно на 31 декаември така функционира Буџетот. Затоа секоја година после Нова година имаме зголемен број на распишани огласи за договори на одредно време. Тоа ќе се случува и годинава, а се случувало и секоја година наназад, појасни Манчевски.

Тој прецизира дека се уште не е готов проектот за префрлање кадар од јавниот во приватниот сектор со кој треба да се детектира што е вишок на работни места, за што се во тек анализите.

– Овој проект не е готов, но тоа апсолутно не значи дека во моментов институциите немаат потреба од нови вработувања. Има голем број на кадри кои недостасуваат во јавната администрација што не го претставува целиот јавен сектор. Во јавната администрација и централните институции недостига кадар, а во јавниот сектор севкупно имаме превработеност. Анализите кои треба да ги почекаме ќе кажат каде има превработеност. Сите треба да го поддржиме овој проект или да дадеме алтернативен кој сум подготвен да го прифатам, рече Манчевски.

Кога ќе бидат готови анализите, додаде министерот, ќе бидат претставени во транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени и синдикатите и стопанските комори.

- Реклами -