30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го натепал попот Виктор Стојчев на Божиќ, 2017 година.

<

„Го признавам целосно делото”, рече Јовановски пред судот. Првин рече дека делумно го признава делото, но откако судијката му укажа дека не може на ова прашање да одговори на таков начин, рече дека целосно го признава делото.

Попот Виктор Стојчев рече дека ќе бара отштета од таткото на Боки 13 во граѓанска постапка и дека се приклучува кон кривичниот прогон.

Обвинителката Имран Османи го образложи обвинението и рече дека настанот се случил во ноември 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило. Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници. Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира. На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

Обвинителката побара да биде соодветно казнет. Адвокатката на Миле Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека обвинетиот бил вознемирен, а повредите на оштетениот не се животозагрозувачки и се без последици по неговото здравје. Адвокатката рече дека обвинетиот е невработен и семеен човек со влошена здравствена состојба и по настанот бил видно потресен од настанот и не бил осудуван претходно и побара поблага санкција. За Јовановски се води постапка за Меѓународниот сојуз.

Јовановски на крајот рече дека сакал да каже дека бил провоциран од попот.

„Господинот многу сака да пишува на ‘Фејсбук’. Откако е уапсен Боки 13, рече дека во мојот дом дошла пола влада, обвинители и судии”, рече таткото на Боки 13.

Пресудата е закажана за в понеделник.

Извор Точка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...