11.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски ќе се жени за Унгарка но дали ќе му се насмевне...

Груевски ќе се жени за Унгарка но дали ќе му се насмевне среќата по трет пат?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новинарот Миленко Неделковски ексклузивно од Виена открива дека екс премиерот Никола Груевски по трет пат ќе стапне на лудиот камен, но овој пат за Унгарка.
Во Виена сум. Неколку состаноци.
Токму на време да разберам дека НИКОЛА ГРУЕВСКИ ќе се жени за унгарка (маџарица).Резултат со слика за груевски свадба
Па, нека е честито и за многу години.
Имам уште еден состанок вечерва, се надевам дека на него ќе дознаам дали е бракот од љубав или само за папири.

<

Останува да видиме која е жената што го украде срцето на екс премиерот Никола Груевски. Груевски беше во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца, но и тој брак како што пишуваат медиумите заврши неславно.
За случајот „Тенк“ на СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години. Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“.

Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блендирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи затворска казна од 2 години за случајот „Тенк“ во затворот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски за казната затвор. Судот го ограничил да се јави на одлежување на казната најкасно до понеделник. Во понеделникот Груевски не се јавил во затвор и МВР издало национална потерница за него. Следниот ден Груевски преку својата Фејсбук страница ја обесвести јавноста дека се наоѓа во Будимпешта и има побарано политички азил од Унгарија.

Поради тоа потерницата за него била преиначена во меѓународна.
Бегството и барањето за политички азил на Груевски во Унгарија предизвикало низа реакции дома и во регионот. Поради политичката ситуација, и десното и левото крило на опозицијата во Унгарија, остро реагирале и побарале од унгарската влада да го уапси и итно да го екстрадира Груевски назад во Македонија. Сомневајќи се дека Груевски пристигнал во Унгарија преку територијата на Србија, српската опозициона политичка коалиција Граѓански блок 381 побарале отчет за тоа која е улогата на српската влада на чело со Александар Вучиќ во неговото бегство.
Утрото на 27 јуни 2019 година Груевски со лисици на рацете бил спроведен во суд во Будимпешта за да присуствува на рочиште за барањето на македонските власти за негова екстрадација, кое рочиште по барање на неговиот адвокатски тим било затворено за јавноста. Барањето за негова екстрадација од страна на македонското Министерство за правда е поради правосилната двегодишна затворска казна за случајот на СЈО „Тенк“, од која казна тој избега.

Одлуката од рочиштето набрзо истиот ден била соопштена и според истата барањето на македонските власти е одбиено и Груевски останува во азил во Унгарија. Според судијката Ева Варежи условите за екстрадација не се исполнети, додавајќи дека не се исполнети ниту условите за меѓународната потерница распишана од македонските власти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...