10.6 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаВо домот на Фросина Ременски пронајдени документи за „Монструм“, „Диво насеље“

Во домот на Фросина Ременски пронајдени документи за „Монструм“, „Диво насеље“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи, пишува МКД.Новата истрага за случајот Рекет се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

<

При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во член 54 од Законот за безбедност на класифицирани информации пишува дека: „Ако се утврди дека лицето не постапува со доверливите информации согласно со овој закон или повеќе не е исполнет некој од условите врз основа на кои е издаден безбедносниот сертификат, директорот на Дирекцијата донесува решение за престанок на важење на безбедносниот сертификат и пред истекот на неговата важност. Во решението од став 1 на овој член не се дава образложение за причините за престанокот на важноста на безбедносниот сертификат“.Во новата истрага за случајот „Рекет“ опфатени се 5 лица. Одземените предмети во овој случај се на вештачење, кое треба меѓу другото да утврди дали Јовче Ременски имал овластување од директорот на УБК да чува доверливи информации во својот дом.

Сите осомничени лица се поврзани со невладината организација Меѓународен сојуз. Првоосомничениот, Бојан Јовановски, сторил продолжено кривично дело „измама” и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама”, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело”.Во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт. Фросина Ременски е во домашен притвор од 10 октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка сообраќајна незгода кај Кичево- Три лица се мртви другите патници итно се префрлаат во скопските клиники.

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид...

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...