-1.1 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаСветИзгубил бурма на ливада па тргнал да ја бара со детектор: Наместо...

Изгубил бурма на ливада па тргнал да ја бара со детектор: Наместо прстен станаа побогати за 100.000 фунти

Кога двајца Ирци тргнале со детектор за метал да ја бараат бурмата на еден нивен пријател, не можеле да претпостават дека ќе си одат дома побогати за 100.000 фунти.

Пол Рајнард (44) се расплакал кога заедно со најдобриот пријател Мајкл Гвин (52) наишол на вистински „ќуп со богатство“ на ливада во близина на Баликасл во Северна Ирска.

Пронашле 84 златници кои датираат уште од 16 век. Експертите рекоа дека само еден ултраредок златник со ликот на Хенри Осми чини 5.000 фунти.

А тука е и еден од 1546 година кога владеше кралот дете Едвард Шести, кој би можел да вреди до 3.000 фунти.

Пол и Мајкл биле на одмор кај пријател фармер кој ги замолил да му помогнат да ја најде бурмата. Му паднал во полето во текот на работа.

Во почетокот нашле само една паричка од пет пени и потковица, пред инженерот за осветлување Пол Рајнард буквално да го пронајде богатството.

„Ова е момент за кој сонувавме“, му рече Пол на пријателот.

„Беше тоа неверојатно чувство, како проверување на броеви на лотарија и сознание дека се погодиле џекпот. Се тресец. Се уште не можам да верувам“, рече Рајнард.

Златниците моментално се проценуваат во Музејот во Алстер, а според проценките ова купче парички може да вреди повеќе од 100.000 фунти.

Кога станува збор за прстенот, тој се уште е изгубен на ливадата

 

 

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...