31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА: Тие се најголеми борци за живот

СВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА: Тие се најголеми борци за живот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стапката на смртност на предвремено родени бебиња во државава е намалена двојно и изнесува 12 проценти на годишно ниво. За најголемите борци – предвреме родените во просек околу 600 бебиња во државава треба да се обезбедат најдобрите услови, со опрема и обучен кадар за да се изборат со ризикот од смртност и аномалии.

<

Таква порака упатија надлежните институции денеска на свеченоста што се одржа на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, по повод Светскиот ден на предвреме родени бебиња – 17 ноември.

Гости на клиниката беа 40 дечиња поранешни пациенти кои биле родени предвреме, кои се дружеа и забавуваа персоналот, со сопругите на претседателот и на премиерот Елизабета Георгиевска и Зорица Заева, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, естрадни ѕвезди. …

Премиерот Заев порача дека институците треба постојано да се ангажираат за да ја променат црната статистика и покрај резултатите што се постигнати. – Да им обезбедиме услови на малите борци да ги добијат неопходните услови во одделенијата за интензивна нега со соодветна топлина, поддршка за прихрана и основна грижа за инфекции и тешкотии во дишењето. Во развиените земји речиси сите овие бебиња преживуваат. Нашата намера е Северна Македонија да е една од тие земји. Имаме причина да веруваме дека сме на добар пат да го постигнеме тоа. Во 2016 година процентот на починати предвреме родени бебиња изнесуваше 25 проценти, во 2017 стапката се намали на 21, во 2018 изнесуваше 16 проценти, а годинава 12 проценти, рече Заев.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска посочи дека бројките за преполовената смртност мотивираат да бидат уште повеќе посветени и да ги елиминираат сите ризици и причини за смртност на предвреме родените бебиња.- Владата обезбеди набавка на 25 инкубатори, со која значително се релаксира работата за персоналот, а уште поважно се обезбедија доволно современи инкубатори. Повеќе нема сместување на две бебиња во ист инкубатор со што се спречија дополнителниот ризик од инфекции и другите компликации за здравствената состојба на предвреме родените бебиња, посочи Јовановска.

Како што информираше началничката на Одделението за интензивна нега и терапија при ГАК Елизабета Петковска, изминатите три години повеќе од половина е преполовена и стапката на преживување на новороденчиња. Ако пред три години починуваа 35 на 1 000 родени, сега е бројката е намалана на 16 новороденчиња на 1 000 живородени. Смртноста што ја имаме сега 80 проценти отпаѓа на новороденчиња под 28 гестациска недела и под 1 000 грама.

-Во изминатите две години е спроведена ефективна перинатална обука, со која првпат и гинеколозите и неонатолозите заедно научија да ги спроведуваат најновите протоколи во грижата на новороденче со експерти од Светската здравствена едукација. Меѓу останатото, во тек е набавка на три високофрекфентни апарати за механичка вентилација, а се спроведува едукацијата за таа намена. Не застануваме тука, воведуваме нови методологии и техники со цел да се намали смртноста кај предвреме родените беиња, потенцираше Петковска.

Ресорниот министер Венко Филипче исто така нагласи дека покрај вложувањето во опрема, едукација на кадарот, класифицирањето на родилиштата и воведената работата по протоколи по светски стандарди која што отсуствувала во минатите години придонела за успех во третманот на прерано родените бебиња.

– Сегашните резултати се исклучително значајни. Да се намали смртноста на повеќе нивоа во однос на перинаталниот и ранонаталниот период навистина се гледа ретко. Ќе продолжиме да инвестираме и во човечкиот капитал, едукациите, зголемување на примањата на здравствените работници затоа што само добро стимулирани лекари и медицински сестри може да значи добар успех во работата, рече Филипче.

Клиниката за гинекологија и акушерство денеска доби и нов апарат за рано откривање аномалии со слух. Апел за потребата од рана детекција на аномалии на свеченоста упати средношколка која била предвреме родена, а на една година и е откриен проблем. По навремениот третман и операција таа сега функционира и комуницира добро и планира да стане дел од тимот на гинеколошката клиника.

Статистиката покажува дека милион од 15. милиони бебиња кои се раѓаат годишно во светот умираат поради компликации од прдвреме во раѓање. Многу преживеани се соочуваат со живот на инвалидитет, вклучувајќи пречки, како во учењето, како и проблеми со видот и слухот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...