2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаСветМакрон се плаши од исламот во Албанија Македонија и Босна ???

Макрон се плаши од исламот во Албанија Македонија и Босна ???

spot_img

Француската надворешна политика се чини мотивирана од стравот дека Европа може да биде поклопена од исламот.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сака поголемо геополитичко влијание на Европа, способна да се справи со сè поопасниот свет. Меѓутоа, тешко е да се објасни неговата одлука да ги блокира преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, давајќи им го на послужавник Западен Балкан на Русија и Кина, вели поранешниот португалски министер за европски прашања Бруно Макаеш за Политико.

За време на неговата кампања за претседател, Макрон велеше дека се залага за враќање на основните европски либерални, демократски вредности, а денес се фали со новостекнатото пријателство со унгарскиот диктатор Виктор Орбан.

„Францускиот претседател некогаш тврдеше дека Москва промовира светоглед што е спротивен на она за што се залага ЕУ. Сега вели дека сака да ѝ се доближи на Русија и да гради нова безбедносна архитектура, поусогласена со интересите на Кремљ“, се вели во анализата.

Ако сте збунети, не сте единствените. Можеби причината е во нас што го следиме Макрон, но не успеваме да ги сфатиме фините детали на надворешната политика, особено кога се практикувани од виртуоз во уметноста. Можеби сите овие парчиња на крај совршено ќе се склопат, како во славната последна епизода од серијата „Загубени“.

Некои сметаат дека можеби Макрон импровизира, вели Макаеш. Тој ужива во медиумското внимание што го добива со секој свој неочекуван став – и не му е гајле дали неговото наредно противење на нешто е во директна спротивност со она што го кажал претходно.

Макаеш вели дека е полесно да се каже дека единственото логично во надворешната политика на Макрон е да се признае дека нејзината движечка сила е нешто што нам не ни се допаѓа.

„Зошто Франција ги блокираше преговорите со Западен Балкан? Макрон тврдеше дека процесот на пристапување мора да се реформира, но не даде никакви предлози како треба да се стори тоа. Ова многумина во Албанија и Северна Македонија ги наведоа на истиот заклучок: вистинската причина за противењето на Макрон е дека Албанија е земја со муслиманско мнозинство и дека Северна Македонија има големо и политички активно муслиманско малцинство. Тие можеби се во право. Погледнете внимателно и лесно ќе ја забележите исламофобијата под површината на голем дел од неодамнешните надворешнополитички одлуки на Макрон“.

Во интервју за „Економист“, кога изјави дека НАТО доживеал „клиничка смрт“, Макрон беше многу помалку заинтересиран да дискутира за Трамп отколку за Турција, пишува португалскиот аналитичар.

„На прашањето дали сè уште верува во членот 5, дали Франција е законски обврзана да ги брани другите членки на НАТО од агресија – тој одговори дека не знае, што е неверојатно. А зошто не знае? Затоа што би можело да биде принуден да ја брани Турција – опција што тој ја смета повеќе или помалку апсурдна“, вели Макаеш.

Во истото интервју, францускиот лидер рече дека неговиот главен проблем со Балканот не се Албанија или северна Македонија, туку Босна и Херцеговина, која ја опиша како „темпирана бомба“ поради враќањето на џихадистите.

„Сеедно што од Босна и Херцеговина во Сирија отидоа шест или седум пати помалку ’странски воини’ отколку од Франција, или што огромно мнозинство од нив се жени и деца. Босна, еден од цветовите на исламската цивилизација во Европа, доби предупредување“, се вели во анализата и се потсетува дека сегашниот српски член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, веднаш изразил силна поддршка.

Во однос на односите на Макрон со Русија, Макаеш вели дека не е лесно да се проникне во заднината на срдечниот афинитет, со оглед дека рускиот претседател Владимир Путин не ги почитува човековите права и е склон на оружени судири.

„Можеби Макрон размислува за големи цивилизации. Можеби му е на ум еден голем христијански свет што се протега од Лисабон до Владивосток и се натпреварува со цивилизациите претставени од Кина, Индија и нешто поблиску до дома – исламот“.

Макрон не е вулгарен исламофоб, вели Макаеш, „какви што во Франција ги има многу“, но се чини дека сè повеќе е убеден дека Европа е во опасност да биде апсорбирана од исламот, и чувствува потреба да ја затвори вратата за Турција, за „опасните“ Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, и да се зближи со христијанска Русија.

„Се гледа дека не сака да пушти некој муслимански глас или вето во просториите на Европскиот совет, резервирани само за избраните неколкумина“.

Макрон можеби веќе не верува дека исламот може да биде асимилиран и дека можноста за една голема неасимилирана муслиманска заедница го плаши повеќе од што било друго. Макаеш ја наведува и можноста дека домашната политика е мотивот зад постапките на Макрон пред локалните избори следната година и дека самата Франција можеби отишла толку надесно по прашањето на исламот што нејзиниот претседател сега паѓа во искушение, или е принуден, да постапува соодветно на тоа.

Во секој случај, исламофобијата, без оглед дали е филозофска, културна или стратегиска, сепак е само исламофобија, заклучува Макаеш.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...