15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаТаки Фити: Не е важно дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец,...

Таки Фити: Не е важно дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Академик Таки Фити во денешната „24 Тренд анализа“ се осврна на прашањето на припадноста на Гоце Делчев околку кој се води спор помеѓу македонската и бугарската комисија.

<

Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој допринел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како македонец, не можел тогаш не постоела македонска држава. Ние го сметаме Гоце како наш кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба каде имаме многу револуционери. Тука е суштината на македонизамот и треба да бидеме тврди. верувам дека за тие преродбеници кои се македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков, вели академик Фити.

Околу измените на учебниците, академик Фити потенцираше дека учебниците треба да бидат реципрочни. Не смее само едната страна да менува, а другата не. МАНУ има 40 членови и секој има право на свој став.

Јас предупредив дека ќе излезе дека ќе не поделат. Имаше реакции во претседателството каде имаше патриоти. На 3 декември ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува, потенцираше Фити.

infomax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...