16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија живее во 19 век: Еве во какви услови се лечат болните...

Македонија живее во 19 век: Еве во какви услови се лечат болните во дијализа-Струга

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Девет соби во болницата за дијализа во Струга во кои покривот прокиснува се затворени, а пациентите се префрлени во други соби.

<

Засега нема абер од неговата реконструкција и покрај тоа што договорот со фирмата изведувач која треба да ги изврши градежните работи бил потпишан уште на 14 октомври оваа година. Рокот кој го има за завршување е 120 дена, но доаѓа зима, а се почести се и врнежите од дожд кои создаваат проблеми. Од болницата не знаат каде е сега застојот. Велат дека ќе го ограничуваат и престојот на пациенти за рехабилитација само до еден месец, поради актуелната ситуација.

„Tие се најкритичните и затоа се тргнати пациентите, но прокапува и на други места зависи од интензитетот на дождот. Затоа се надевам дека во најбрз можен рок, реконструкцијата ќе започне со нив“, рече Александар Попоски-директор.

На почетокот на септември кога прокисна болницата, пациентите во кревети беа изнесувани низ болничките ходници. Министерот за здравство пред еден месец за Алсат најави дека реконструкцијата ќе започне во најскоро време, но од тоа нема се уште ништо.

Реагираат и пациентите.

„Состојбата во болницата е алармантна. Не би требало да прокиснува кровот, сепак е ова болница, ова здравствена установа, каде се лекуваат пациенти“.

„Условите се катастрофални. Ништо не се одржува како што треба. Тоа е катастрофа. Треба некој да го направи или чека некој да ги натера одете и правете. Ако не го направат ќе се соочат со поголеми проблеми“, реагираат пациентите.

Покривот е со површина од 5400 метри квадратни, а досега само парцијално биле преземани одредени зафати. Оваа болница е изградена 1984 година и во неа се лекуваат бубрежно болни пациенти од цела Македонија, но и од соседна Албанија.

Мики Трајковски

Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...