14.5 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонија„Самохраната мајка“ Катица Јанева заработила 157.000 евра надвор од редовната плата

„Самохраната мајка“ Катица Јанева заработила 157.000 евра надвор од редовната плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“, пренесува Призма.

<

Министерството за финансии, завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева.

Целосните примања на Јанева беа предмет од особен интерес на јавноста уште од самото формирање на СЈО, меѓутоа тие официјално не можеа да бидат потврдени бидејќи обвинителството дел од примањата ги класифицираше како таен податок. Сите инсистирања за сумите досега се сведуваа на претпоставки, а Јанева одбегнуваше да соопшти колку вкупно пари зема како шефица на Специјалното јавно обвинителство.

Најголем дел од дополнителните пари, 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Како што може да се види во базата, поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми.

Тој се зголемувал во текот на мандатот од четири години – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Базата покажува оти Јанева за првпат ваков додаток за доверливост зела во ноември 2015, и тоа во износ од 248.000 денари, додека втор во февруари 2016, и тоа 70.000 денари. Наредните десетпати зела по 100.000, па еднаш – 40.000 и потоа уште 11 пати по 140.000. Од октомври 2017, па сѐ до јули годинава, Катица Јанева 22 пати зела по 250.000 денари или по 4.000 евра.

Додатокот за доверливост е предвиден со Законот за СЈО, а Јанева со посебна одлука лично го одредувала износот.

(Призма)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Патот Врбјани Охрид со пресек кај Ботун ќе биде пуштен или 11 или 12 Јули.

Овие геоистраги се при крај, околу 40 отсто се веќе завршени. Врз основа на нив проектантите проектираат модели и типови на заштита на тие...

Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче во детската клиника – болеста е поразена!

Уште една убава и емотивна вест одекна од Клиниката за детски болести во Скопје. Малиот Марко успеа да ја победи тешката болест. Тој храбро заѕвони...

Прилепчанецот Ѓорги сам собираше пари за да стигне до Њујорк – се врати со злато !!!

ПРВО МЕСТО ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ГЕОРГИ НИКОЛОСКИ НА ПРЕСТИЖНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ЊУЈОРК НО ЗА ДА СТИГНЕ ТАМУ – САМ СОБИРАЛ ПАРИ! Георги Николоски, ученик во трета...

Тамара Гошева со втор златен медал на Државното првенство во атлетика за лица со попреченост

Тамара Гошева СЕ ЗАКИТИ СО ВТОР ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Од 19-21.06.2025 се оддржаа спортските игри на лицата...