16.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаСветТурскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Анонимен добротвор минува низ сиромашните населби во Истанбул, Турција и ги исплаќа долговите на граѓаните во локалните продавници или им остава пари на прагот. Сето ова се случува во време кога јавноста се повеќе се грижи за растот на бројот на самоубиствата, што се припишува на опаѓање на животниот стандард и драстичното зголемување на цените.

<

Жителите на Тузла, населба од работничката класа на азиската страна на градот, каде се наоѓа бродоградилиштето, беа воодушевени минатата недела кога откриле дека нивните долгови се исплатени во неколку продавници. Но, тие не знаат кој е добротворот, пишува „Гардијан“.

– Некој дојде и ме замоли да му покажам тетратка каде што ги запишувам долговите на моите муштерии. Четири лица имаа многу големи суми и му кажав каде живеат. Тој се врати откако разговараше со нив и им ги исплати долговите. Исто така, дознав дека тој им дал некои пари на повеќе семејства. Го прашав за неговото име, но тој само ми рече – викај ме Робин Худ – изјави сопственикот на продавницата Демирен Коакун Јилмаз за турските медиуми.

Цените на храната и домувањето се зголемија од паѓањето на турската лира минатата година, и иако инфлацијата опадна, невработеноста сè уште расте, при што цената на електричната енергија се зголеми за десет пати од минатата година.

Се тврди дека истиот добротвор во март годинава оставал коверти од по 1.000 лири пред вратите на сиромашните семејства низ градот. Тој исто така во јуни отплати долг од 25.000 лири во разни продавници .

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...