13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки 13 ќе оди во домашен притвор?!

Боки 13 ќе оди во домашен притвор?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во понеделник, апелација ќе решава за тоа дали Бојан Јовановски, првообвинет во случајот Рекет, ќе остане во притвор во затворот во Шутка или ќе оди во домашен притвор. Но според влошената здраствена состојба што ја има, големи се шанците Боки да оди во домашен притвор.

<

Во овој суд, денеска стигнало мислењето од обвинителството, но за сега нема информација дали е позитивно или негат.ивно. Адвокатот на Јовановски бара тој да биде пуштен од Шутка поради неговата здравствена состојба. Инаку, Јовановски, најдоцна в понеделник ќе биде пуштен од градската болница осми септември, велат од болницата, објави Телма.

Тој ќе биде таму се додека не се комплетираат резултатите од испитувањата. Јовановски беше примен во оваа болница, со упат од доктор во затворот во Шутка. Од болницата 8-ми Септември велат дека е сместен во апартман на интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба.

Во моментот е во добра општа состојба и здравствена кондиција.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски, неодамна обвини дека здравствениот систем си поигрува со животот на Јовановски.

Од тројцата обвинети во случајот Рекет, само Јовановски остана во притвор во Шутка, додека Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец се бранат од домашен притвор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...