13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветГинеколг тајно ги снимал пациентките и ги ставал на порно страни.

Гинеколг тајно ги снимал пациентките и ги ставал на порно страни.

Полицијата го истражува украинскиот гинеколог обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација. Снимки и фотографии од негови десетина пациентки биле пронајдени на една страница за возрасни.

Случајот бил откриен откако една жена која побарала да остане анонимна, се видела себеси на гинеколошки преглед на порно страница, додека докторот Вјенчеслав Триполко ја прегледува со ултразвук.

Полицијата веднаш упаднала и ја пребарала гинеколошката ординација во украинскиот град Одеса каде што била пронајдена скриена камера. Полицијата открила повеќе снимки од голи пациентки, кои подоцна биле објавувани на сајтови со содржина за возрасни.
Гинекологот Триполко е обвинет за илегално производство и дистрибуција на порнографија и му се заканува затворска казна од седум години.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за угледен и популарен гинеколог во Одеса. Тој не бил задржан во притвор, но му била одземена лиценцата за работа.
Пациентката која му испратила неколку пораки на докторот после шокантното откритие, вели дека гинекологот цело време негирал дека тој стои зад снимките.

„Тој мисли дека е само пион во нечија валкана игра. Обвини и некои други гинеколози дека поставиле камера во неговата ординација и потоа ги објавиле снимките на интернет. Тој изјави дека секој можел да ја постави камерата. Треба да се докаже дека Триполко снимал и дистрибуирал“, изјави пациентката.
Обвинетиот гинеколог вели дека минатото лето нарачал поставување на нов аларм во клиниката. Тврди дека во тој период секој можел да постави скриена камера, но сепак фатен е во лага затоа што некои снимки биле значително постари.

Директорот на болницата каде што се наоѓа гинеколошката клиника, доктор Олег Лукјанчук изјави: „Најпрвин мислев дека станува збор за нечија болна и злонамерна шега. Како граѓанин, како човек, како доктор, целосно сум згрозен“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...