13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПродолжува спасувањето бебиња во Zan Mitrev Clinic

Продолжува спасувањето бебиња во Zan Mitrev Clinic

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

“Малата Алеа си заминува дома по десетина дена поминати во нашата клиника. Рацете на докторите од педијатрискиот оддел ја предадоа во рацете на родителите. Разбирливо, тие со нетрпение чекаа да си ја однесат дома.
Алеа е борец, голем борец, кој уште во првите денови од своето раѓање ја започна битката која за неа значеше живот.
Таа е една од многуте новороденчиња на коишто уште при раѓањето им е констатирана срцева маана по што веднаш е контактирана нашата клиника за превземање на случајот.” – информираат од оваа клиничка болница.

<

Во продолжение ви го пренесуваме целиот случај што вчера го обелодени клиниката:

Така се случи и со Алеа која е родена со вродена срцева маана Тетралогија на Фало. Се работи за второ дете од втора по ред редовно контролирана бременост, родено во 33 гестациска недела, со царски рез.
Првата хоспитализација е реализирана на возраст од 2 месеци, префрлена беше од Клиника за гинекологија и акушерство во нашата П.З.У Клиничка болница „Жан Митрев“.

На 19.11.2019, после соодветна подготовка, доктор Жан Митрев со својот искусен тим ја направи операцијата. Конкретно беше направена тотална корекција со проширување на левата пулмонална гранка на левата пулмонална артерија со трансануларен перикарден пач со монокусписна валвула со Матрикс, затворање на вентрикуларен септален дефект со перикарден пач.

Во тек на вториот ден доенчето веќе беше со стабилни витални пареметри и е исклучена инотропната подршка. Третиот ден е отпочнто со постапно мобилизирање на детенцето по што заздравувањето оди побрзо по нагорна линија. Забележан е уреден синусен ритам, исклучена е срцевата подршка од пејсмејкерот а раните уредно и брзо зараснуваат. Петтиот ден од престојот префрлена е на одделение. Редовно е контролирана Ехосонографски со постепено подобрување на ехосонографскиот наод. Понатамошниот постоперативен тек тече уредно.
Овој мал пациент а голем борец се отпушта дома во добра општа состојба. Родителите не ги штедеа зборовите во насока на благодарност кон целиот систем кој функционира и значи живот за децата кои се раѓаат со срцеви маани
– Пред се благодариме на доктор Жан Митрев и неговиот тим каде што го доверивме животот на нашето дете.
Благодариме и на Клиниката за гинекологија од каде навремено не упатија во клиничката болница „Жан Митрев“ каде што успешно се извршуваат овие операции на бебињата. Нормално стравот беше присутен цело време кај нас но сепак кога ви се нуди решение во една ваква болница сето тоа поминува полесно. Знаевме дека Алеа е во сигурни раце. Благодарност до целиот тим кој и нас како родители постојано не опсипуваше со внимание, информирање и храброст – ни изјави мајката на малата Алеа пред напуштање на педијатриското одделение на нашата клиника.
Алеа ти посакуваме успешно комплетно заздравување, имај среќно детство и многу здравје – твојата Zan Mitrev Clinic.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...