15.4 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Бројот на возила во Брза помош е удвоен.

Филипче: Бројот на возила во Брза помош е удвоен.

Итната помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминативе 2 години”, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при гостувањето на дебатната емисија Детектор на ТВ Сител. Како што тој изнесе, во овој период примени се 84 доктори и околу четириесетина од нив распределени се токму во Итната медицинска помош соодветно на потребите, во Скопје и во другите градови. Покрај нововработените доктори, за Брзата помош набавени се и 12 нови возила, а уште 7 ќе следат. Со овие инвестиции, министерот рече дека значително се зголемуваат капацитетите на Итната помош.

“Со зголемување на кадарот и новиот возен парк значително е скратено времето на чекање, до 7 минути во Скопје, а 12 до 13 надвор од Скопје. Итната помош е брза и ефективна услуга за потребите на граѓаните така што наспроти ширењето лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ дека Итната помош не била ефективна при интервенција, овие бројки и факти кажуваат дека Итната медицинска помош во македонското здравство ги зголемува капацитетите да излезе пресрет на секоја ситуација”, изјави министерот Венко Филипче во неговото гостување во ТВ емисијата Детектор на ТВ Сител.

Докторите специјалисти во изминатите две години добија зголемување на платите до 40% што е најголемо досега. Овие зголемувања се одвиваа во три наврати, рече Филипче

“Со зголемување на платите континуирано инвестираме во човечки капитал. Вкупното зголемување на платите (основната плата и сумата за дежурства) од 2018 година заклучно со тоа што ќе следи во февруари 2020 година, за лекар специјалист е над 40%, исто толку е и за наставен кадар. За лекар специјалист само во февруари зголемувањето е 25%, за општите лекари 15%, а 10% за медицинските сестри. Кумулативно за Клиничкиот центар за минатата година зголемувањето е 23%. Тоа е инвестицијата во човечкиот капитал од 2 милијарди денари за 2 години, во основната плата и за дежурствата. Со зголемувањето на основната плата во три наврати досега, и зголемувањето на дежурствата е направена инвестиција во примањата од најголем обем досега, што е првпат да се случи во јавното здравство”, потенцираше министерот.

Покрај за платите министерот зборуваше и за укинувањето на квотите.

“Пациентите заслужуваат да имаат лесен пристап до лекови, а укинувањето на квотите за лекови на рецепт овозможи полесен и сигурен пристап до лекови. Со контролата во издавањето на лековите, се постигна намалување на потрошувачката на лекови дури и до 30% во некои региони. Во фармацевтскиот сектор се направија големи реформи, а новите квоти за лекови е една од нив, граѓаните имаат лекови во кој било ден од месецот, сите лекови се со сертификат”, истакна Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...

Благодарение на Конти, стотици кавадарчани и кавадарчанки ставија порцелански заби

Само од Кавадарци имало околу 8.000 лица кои биле вклучени во пирамидалната шема Конти, која е актуелна тема во земјава, откако од пред околу...

Боки 13 најавува филм РЕКЕТ: Верувајте дека ќе занеме целиот свет!

Бојан Јовановски- Боки 13, најавува филм под наслов Рекет, како случајот поради кој заврши зад решетки. -Почитувани, со оваа фотографија го најавувам документарно-играниот филм “РЕКЕТ” Верувајте...