17.9 C
Ohrid
петок, јули 18, 2025
ПочетнаМакедонијаКога ќе добиеме датум за чист воздух?

Кога ќе добиеме датум за чист воздух?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопјани веќе се во паника каков воздух ќе дишеме зимава, каков воздух дишат децата, најранливата категорија, идните генерации што треба да растат и да се развиваат во здрави личности. Здравјето ни е загрозено на сите, а надлежните нималку немаат сериозен пристап кон овој, во моментов, проблем број еден за сите, коментираат граѓаните. Истакнуваат дека веќе не можат да ги толерираат оправдувањата на надлежните дека за овој проблем нема решение на краток рок. Не може, велат, проблемот да се решава со мерки на хартија и планови што допрва треба да се реализираат. Од надлежните бараат датум кога ќе добијат чист воздух. Не можат повеќе да ја толерираат нивната инертност и активност што се сведува само на бркање загадувачи поединци. Надлежните да одговорат кога во Скопје ќе се дише чист воздух.

<

– Загадувањето е сериозен проблем и неговото надминување е долг и мачен процес, кој не се решава брзо. Градот Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето со повеќе стратегии и долгорочни планови кон кои сме сериозно посветени. Работиме за имплементирање мерки и проекти и во летниот период, кога загадувањето не е толку забележливо, на враќање на зелените површини во градот, ги зголемивме инспекциските контроли и изречените казни се за двојно зголемени овие две години, ги реконструиравме средните училишта за да бидат енергетски поефикасни, а обезбедивме и прочистувачи за сите училишта – се вели во дел од одговорот на градот Скопје, во кој во продолжение се редат досега реализираните активности за почист воздух. Но скопјани не можат веќе да чекаат на почист воздух.

Граѓани продолжуваат да објавуваат фотографии и да пишуваат по социјалните мрежи каде забележеле густ и црн чад. На фејсбук-страницата „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче, чист воздух сега“ неодамна беа поставени две фотографии на кои се гледа замаглен дел од градот како среде зима. Под фотографиите загрижена мајка имаше напишано: „Што дишат нашите деца додека тренираат на ФФМ. Колку време им треба да го средат хаосов што трае во најзагадената општина. Градоначалникот Златко Марин, го видел ли ова“, прашува жителка на Аеродром.

И навистина е загрижувачки што дишат нашите деца. Наводите на Светската здравствена организација велат дека 93 отсто од децата помлади од пет години секојдневно вдишуваат загаден воздух, што доведува до проблеми во развојот на мозокот и многу смртоносни болести. Многу студии потврдиле дека вдишувањетo загаден воздух не ги оштетува само белите дробови. Новите истражувања покажуваат дека загадувањето од воздухот има негативно влијание и на мозокот, како и дека може да влијае на промена на начинот на размислување. Во својата студија Ксин Занг, научник од Универзитетот во Пекинг, утврдил дека долготрајно изложување на честички, сулфур диоксид и азот диоксид доведува до когнитивни падови кај учесниците на студијата. Научниците и здравствените работници и натаму работат на откривање на начинот на кој загадувачите од воздухот влијаат на мозокот.

Но и покрај сите објавени фрапантни факти и податоци за тоа колкава е штетноста од загадениот воздух, не се прави ништо конкретно проблемот да се сосече во корен. И натаму се случуваат зачестено палење гуми, стрништа, диви депонии, кабли и што ли уште не. На веб-страницата на „Ѕид на општината Гази Баба“ тамошните жители не престануваат да пишуваат за ваквите случувања, како и за загадениот воздух. Во Јурумлери биле запалени гуми, а на Вардариште Косовци без документи спалувале органски отпад. Коментарите на граѓаните се различни и одат и дотаму што велат дека во земјава кој што сака пали и согорува. Пред неколку дена, пак, инспектори лоцираа лице што врши спалување на органски отпад во реонот на Визбегово, а беше спречен оган на отворено во Вардариште. Таму инспекциските служби при редовна контрола на реонот затекнале група лица што на отворено спалувале разновиден отпад и кабли.

При нивниот обид да ги легитимираат, затекнатите лица почнале да бегаат. На социјалните мрежи имаше карактеристична објава на 25 октомври, со наслов „Од Вардариште пристигна првото добро утро!“. Под неа имаше забелешка: „Дебел слој смог, чад и мирис на изгорено ѓубре утрово го закитија целиот дел околу Вардариште, сѐ до околните населби. Граѓаните негодуваат и се прашуваат кој и што работи трета смена во оваа околина“, стоеше напишано под зачадената фотографија. Поради сето ова со загадениот воздух и стравот од фактот дека и зимава ќе дишеме загаден воздух, скопјани бараат датум за чист воздух.

Њјус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за...

Прерана загуба во Охрид – збогум учениче со светла насмевка

Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик. На само 16 години, засекогаш не’ напушти...

Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит Агатангел

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да...

10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст за настраданите во Кочани.

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои...