14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПредвремените парламентарни избори ќе се одржат на денот кога Македонија беше завиена...

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на денот кога Македонија беше завиена во црно???

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12-ти април

<

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево. Ова грозоморно петкратно убиство ја зави Македонија во црно.
На местото каде тогаш беа убиени Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.

Бедни сте, без тронка срам нит малку човечност почит према овие родители, пријатели, блиски ќе ја политизирате целата работа ? Само македонче глупо нестрижено ќе искочи да гласа за некој ова го викате политика? Ако мислите дека сето ова е коенциденција, верувајте дека се лажете и тоа многу се лажете. Во нашата историја е покажано дека се е со причина, не споредуваме настани зошто тежината не е иста како ова грозоморно дело, се е прецизирано од толку многу датуми за распишување избори баш овој 12 ти април најдобро се совпаднал па така се договориле, наивно е да верувате во ова.

Некои луѓе го памтам овој датум како вчера да се случило и ќе го носат како белег целиот свој живот. Пред некое време го посетивме местото каде што е вечно почивалиште на овие прерано згаснати животи и таму беше семејството на едниот од нив. Знаете ли дека колата што ја купил нејзиниот син сеуште ја чуваат ? Знаете ли дека 7 ипол години по ред тие се 3 пати или повеќе во неделата на тоа место прашувајќи го истото прашање : зошто бе сине отиде ? Знаете ли дека кога доаѓа велигден масата ја спремаат за плус уште еден човек и кршат лепче за него зошто може паричката ќе му се падне ? Епа не знаете зошто немате болка, некои луѓе си поигруваат со сето ова и ќе го политизираат. Одвратно е.

За крај политиката е ку*ва запаметете, и они го знаат тоа никогаш нема да го признаат зошто го направиле точно но овој датум. Не можат да се вратат овие животи но можат да се зачуваат како нешто што ќе остане белег на оваа земја и нашиот напатен живот во истата.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...