19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија''Според професорот Фрчкоски Македонија е измислена земја со измислена нација.''

”Според професорот Фрчкоски Македонија е измислена земја со измислена нација.”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Љубомир Фрчковски во интервју за “Иквал Тајмс” во 2018 год на тема што ќе значи промената на името за македонскито идентитет истакнува дека Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура.
Како што вели тој самата држава е релативно млада бидејќи по Втората светска војна Титовата Југославија ја создава Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

<

“Прашањето за идентитетот и заедничката култура беа критични прашања во овој спор со Грција вели Љубомир Фрчкоски во изјавата за “Иквал Тајмс” во написот насловен “Што ќе значи промена на името за (северно) македонскиот идентитет?”

Границите на земјата се менувале низ вековите објаснува Фрчкоски така што територијата на денешна Македонија сукцесивно припаѓаше на римските и византиските империи на средновековните српски и бугарски проследени со Отоманската империја речиси 500 години сe до Првата балканска војна во 1912 година.

Многу историчарите и етнографи ги класифицираа жителите на Македонија како етнички Бугари пред тоа време иако постојат докази во Соединетите Американски Држави за имигранти од 19-ти век во кои изјавуваат дека нивниот идентитет е “македонски” во официјалните документи за имиграција.

“Можеме да живееме со префиксот “Северна” во името на земјата. Никогаш не се работеше само за името.” – објаснува Фрчкоски.

Името е исто така поврзано со концептот на нашиот идентитет за тоа кои сме. Tоа е нешто како прашање на “опстанок” кога сте мала словенска нација од само два милиона луѓе што лесно може да се “асимилираат” од вашите поголеми соседи.” – објаснува Фрчкоски.

На оваа изјава на еден од пишувачите на Уставот на Република Македонија која сега за него е измислена држава во која живее измислен народ со реакции се јави поранешната министерка за култура Ганка Цветановска со Твит на социјалните мрежи.

“Фрчкоски тврди дека Македонија е измислена нација. Патем кажано сите нации се измислени. Не случајно Бенедикт Андерсон ги нарекува “замислени заедници”. Суштината не е во нивната лажност или вистинитост туку во правото на самоопределување на нејзините членови!”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...