11 C
Ohrid
вторник, октомври 20, 2020
Почетна Свет Двајца Срби и еден Македонец уапсени поради убиство во Словачка

Двајца Срби и еден Македонец уапсени поради убиство во Словачка

Translate (Eng):[gtranslate]

Двајца Срби кои го нападнале и до смрт го претепале својот сонародник 22-годишниот Никола Косаниќ во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција.

Додека третиот напаѓач, државјанин на Северна Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение, пишува МИА.

„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември”, се наведува во соопштението на словачката полиција.

РЕКЛАМА

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава и се обвинети во отсуство. Во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

 

- Реклами -