21.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаНови снимки за "Рекет" на YouTube: "Дали куферот е кај Заев"?

Нови снимки за “Рекет” на YouTube: “Дали куферот е кај Заев”?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако пред неколку дена на YouTube се појавија снимки наводно поврзани со аферата “Рекет”, на истиот канал на оваа популарна интернет платформа се појавија нови аудио-записи.

<

На снимките повторно се слуша гласот кој наликува на оној на сведокот во случајот “Рекет”. Се споменува Врховниот суд и извесен Јово, но и обвинителката Вилма Руковска.

Гласот вели дека торбата имала GPS, дека не завршила кај Заев, но и дека била шетана надвор од Македонија.

“Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не нè пуштија они. Што зборите вие?”

 

 

“Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној на сведокот во „Рекет”.

“Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер”, се слуша во објавените записи.

“Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.”, по што се соговорниците се смеат.

“Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. “Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори”, па повторно се слуша смеење.

 

Соговорникот прашува “Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?”, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање: „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев”.

Остатокот од разговорот можете да го слушнете на приложените снимки.

Извор Точка

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...