28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија''Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната...

”Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната гостиварка Елиза.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мојот живот е како во книга, за да го разбереш треба да го прочиташ, а ако не можеш да го прочиташ, потруди се со душа и срце да го разбереш“, со овие емотивни зборови 15 годишната гостиварка Елиза Абдија и` се обрати на публиката на синоќешната претстава „Јас сум“, посветена на слепите и лицата со оштетен вид. Преку претставата беа испратени моќни пораки: дека овие лица треба да бидат прифатени еднакво во општеството, дека им е неопходна помош и поддршка од институциите и заедницата и дека секој човек може да придонесе за олеснување на нивното секојдневие и остварување на нивните животни цели.Симболично, публиката на влезот добиваше црн превез околу очите и чекорите од вратата до столчето, во салата на Центарот за култура ги правеше со врзани очи. „Како ви беше да не можете да видите ништо, да чувствувате несигурност и страв на секој чекор. Да ви треба помош да си го најдете местото?. Така јас се чувствувам петнаесет години!“, рече Елиза во монологот на почетокот од претставата, нагласувајќи дека тоа сепак не ја спречува да ги развива своите таленти и да ги следи своите соништа. „Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето и душата“, порача младата гостиварка.
повеќе може да прочитате на:gostivar.press

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...