5.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаКОЈ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ: Што се гори во Цементарница и зошто надлежните...

КОЈ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ: Што се гори во Цементарница и зошто надлежните молчат? (ФОТО)

spot_img

Состојбата не може да биде поалармантна. Здравјето на граѓаните е загрозено, надвор дишеме отрови. Воздух нема, а нема ниту мерки од надлежните кои ветувајќи чист воздух истераа цели предизборни кампањи. Ништо од лажните ветувања, студиите, мерките и решенијата. Скопје е отруено, скопјани полнат бели дробови со отров. Освен што граѓаните го чувствуваат отровот, а надлежните молчат, фотографии од “местото на злосторството“ ги потврдија теориите дека печките во Цементарница се дополнителен извор на отров.

Имено, во печките во Цементарница завршуваат цели бали со фарбан текстил плус нафтен кокс со 18% сулфур. И ова не се случило еднаш, ова се случува секоја ноќ. На сево ова се додава и гума на парчиња, како и мазут добиен од старо масло. Граѓаните кои живеат во овој дел на Скопје многу добро знаат каква миризба се шири низ нивната населба.

„Мириса на горена гума и едвај се зема длабок воздух“.

Ова гори во Цементарница, прави густ чад со неподнослива миризба. И додека за нас ова значи директно труење, за надлежните ова е бизнис.

Скопје не го гори својот отпад, туку станува збор за огромни количини донесени од голем број на земји. Според информациите кои веќе беа пласирани, Италија и неколку други држави од ЕУ плаќаат за да се ослободат од овој отпад. Овие држави даваат големи суми за да ги заштитат своите граѓани и нивното здравје. Нашата држава зема големи суми воопшто не водејќи грижа што тоа кое го прави ги убива македонските граѓани.

Колку го наплаќаат нашето труење?

Според законите на пазарот, нафтен кокс со 2% сулфур чини околу 450 евра по тон, а со 18% каков што се гори во „Цементарница“, „Железарница“, „Фени“ и цигланите на Заеви, чини 150 евра по тон.

Само во февруари годинава, државата има увезено и изгорено повеќе од 40.000 тони нафтен кокс, во 8 фирми. Додека граѓаните буквално се гушат, на сметка на нивното здравје се искеширани овој период 12.000.000 евра за само еден месец.

Што би рекле некои претставници на актуелната власт, тие си прават „бонбона бизнис“ и дебело го наплатуваат нашето труење.

Надлежните не почувствуваа потреба да објаснат пред јавноста што се случува и зошто свесно се труе Скопје.

Но, на очиглед на јавноста и покрај тоа што се случува, се огласија од „Цементарница“.

„Цементарница УСЈЕ АД Скопје не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина“-велат тие.

-Во врска со шпекулациите дека УСЈЕ гори „ѓубре“ и „опасен отпад“ сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите тврдења се целосна дезинформација. УСЈЕ во своето работење користи различни видови на енергенси, а од неодамна инвестираше во најсовремена технологија за употреба на алтернативни горива, за која ги поседуваме сите неопходни лиценци и дозволи издадени од надлежни институции. Во моментот употребата на алтернативни горива во УСЈЕ изнесува 4% од вкупната количина на енергенси. Алтернативните горива се добива од фракции од отпад, претходно целосно обработени во специјализирани фабрики и строго контролирани од страна на сите надлежни институции. Покрај тоа, користиме и оризова арпа од земјава, која инаку се спалува на полињата на непрописен начин. Во следниот период планираме да користиме и остатоци од текстилната индустрија, кои вообичаено се депонираат или спалуваат на непрописен начин. Употребата на алтернативни горива не е новина во земјите од ЕУ, каде што оваа пракса е присутна повеќе децении и е целосно безбедна технологија, а во во цементната индустрија примената на алтернативните горива во земјите од Унијата достигнува и до 90% од вкупната количина на енергенси, истакнуваат од Цементарница Усје.

Додека едни тераат бизнис, а други воздухот го гледаат како политика, граѓаните се гушат и умираат бидејќи дишат отров. За ова некој мора да одговара!

Извор: Курир.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...