16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаСветМалолетни деца штитеници врзани за мебелот и радијаторите

Малолетни деца штитеници врзани за мебелот и радијаторите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шокантни детали за тоа како се згрижени штитениците во еден Завод за згрижување ментално инвалидни деца во Босна.На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа како децата се врзани за мебелот и радијаторите.

<

На некои од нив рацете им се врзани зад грбот, а повеќето од нив во ваква положба го минуваат поголемиот дел од денот и преку цела ноќ, па заради таквиот третман кај нив се забележани и физички повреди и влошена психичка состојба.

Фотографиите предизвикаа хаос меѓу политичарите во Босна и Херцеговина, и на прес-конференција се бара итно од одговорното министерство да ги спроведат следните заклучоци.

„Итно да биде стопирано ваквото однесување кон штитениците во заводот. Да се направи кодекс како да се постапува со нив. Да има редовно ненајавени инспекции и да се издвојат итно средства за привремено вработување на негуватели до изработка на ново решение.“

Побарано е и од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство да именуваат лекарски тим кој ќе направи ревизија на дијагнозите и да воведе редовно докторски прегледи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...