17.9 C
Ohrid
четврток, јуни 20, 2024
ПочетнаМакедонијаХристо е најмладиот Македонски шампион во картинг на Балканот !!

Христо е најмладиот Македонски шампион во картинг на Балканот !!

Уште при првата средба со малиот Христо ви станува јасно дека ова е дете со голема волја и силен мотив за успех. Енергичен, разговорлив и весел, подготвен да се фотографира со сите кои имаат желба. Христо Ковачи е седумгодишно момче кое изминатава година стана шампион во картинг на Балканот.

Неговиот татко ни раскажа дека се почнало од едно неформално дружење и рекреативно возење во арт картинг центарот во Скопје. По тој настан кај Христо се родила желбата да вози колку што може повеќе. Секој ден барал да одат во картинг центарот, се додека еден ден не останале додека се стемнило. Набргу тој почнал да тренира во Грција каде е дел од Академијата во Солун, професионално се обучува правилно да вози, има тим кој е составен од тренери и механичари. Напоредно тренира кошарка и пливање преку кои го вежба целото тело за да може да биде издржлив и да има сила за натпреварите со картингот.

ТРЕНИРА ПО 9 ЧАСТА БИДЕЈЌИ КАРТИНГОТ БАРА ДА СИ ПСИХО-ФИЗИЧКИ ПОДГОТВЕН. МИНАТАТА ГОДИНА КОМПЛЕТНО ВЛЕГОВМЕ СО ЦЕЛО СРЦЕ ЗА ХРИСТО ВО ТОЈ СПОРТ, НО ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА ОВА Е МНОГУ СКАП СПОРТ. НИЕ КАКО РОДИТЕЛИ СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ДАДЕМЕ СЕ ОД СЕБЕ, НО СЕКОЈА ПОДДРШКА ОД КОМПАНИЈА ИЛИ ОД ДРЖАВАТА ЌЕ НИ БИДЕ ДОБРЕДОЈДЕНА, УБАВО Е ДА СЕ ИНВЕСТИРА ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ И НА ЗЕМЈАТА“ ИСТАКНУВА АРГИР КОВАЧИ, ТАТКОТО НА ХРИСТО.

Оваа година Ковачи стана вицешампион во Македонија и трето место во генералниот пласман во Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија.

НАЈУБАВО И НАЈИНТЕРЕСНО МИ Е НА СТАРТОТ, КОГА СЕ ОБИДУВАМ СИТЕ ДА ГИ ПОМИНАМ, ТОА МИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК. НО, ВО ТРКИТЕ ИМА И НЕЗГОДИ, СЕ СЕЌАВАМ ВО БУГАРИЈА, ПРВПАТ СЕ НАТПРЕВАРУВАВ, СЕ ИЗВРТЕВ, ПА ОД ЧЕТВРТО ДОЈДОВ НА ПОСЛЕДНО МЕСТО, НО НЕ ЗАСТАНАВ, ТУКУ СИ ДАДОВ СИЛА И ПАК СЕ ВРАТИВ НА ЧЕТВРТО МЕСТО КАДЕ ШТО БЕВ НА ПОЧЕТОКОТ, РАСКАЖА МЛАДИОТ ХРИСТО.

Децата кои се занимаваат со овој спорт секојдневно учат како да се носат и справат со поразите но и како да се однесуваат со победите. Поради тренинзите и напорната агенда која ја имаат додека тренираат, се учат на дисциплина и развиваат контрола на емоциите.

Христо има желба да стане рели возач и низ смеа тоа му го соопшти на татко си, кој смета дека сеуште е рано за такви планови, бидејќи Христо има само 7 години, но уште од сега знае што сака.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 25 годишен професионален војник синоќа во Скопје !!

Синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ почина професионалниот војник А.Ј. (25), соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија. Војникот беше еден...

Неготинчанец ја запалил семејната куќа оти бил скаран со неговиот татко и мајка !!!

Дваесет и седумгодишен неготинчанец со иницијали М.А. доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители, и покрај судската забрана...

Aлбански репрезентативец ги пцуеше Македонците и Србите по натпреварот против Хрватска

Албанија се спаси од пораз против Хрватска со гол во 95. минута (2-2), но натпреварот го одбележаа провокативни пораки од трибините, а уште поголем...

Луѓето над 40 години треба да работат само 3 дена во неделата

Истражување од 2016 година, објавено неодамна, открива дека од луѓето над 40 години може да се добијат најдобри резултати на работа ако тие работат...