17.7 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаХристијанско братство со моќни пораки до Бугарија, Грција, Македонските Албанци и корумпираните...

Христијанско братство со моќни пораки до Бугарија, Грција, Македонските Албанци и корумпираните политичари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На синоќешниот семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, кој се одржа пред Собранието на Република Македонија во Скопје, а на кој присуствуваа над 15.000 луѓе, свој говор имаше и Грозданоски од Здружението „Христијанско Братство“ од Тетово кој се пожали дека го прекинувале во говорот, бидејќи бил радикален, а посачи дека е само еден македонски патриот и испрати неколку пораки:

<

Прва порака до Бугарите. Сакате да ја смениме историјата? Еве сега вака браќа наши – Ќе ја смениме историјата и светци ќе ве направиме во неа, но прво вие да успеете да ги избришете натписите на сите над 1.000 македонски гробови каде што пишува „убиен од гнасната бугарска фашистичка рака“, тогаш да дојдете и да преговараме за историјата. Исто така упатија порака и до Македонците од Пиринска Македонија да се разбудат, да не спијат

Втората порака е што беше упатена е до нашите јужни соседи, браќа. Сакате да го смениме името? Ќе го смениме, не е проблем, како сакате ќе се викаме. Но, прво вие ако успеете во секоја света книга Библија во светот да го избришете името Македонија, тогаш и ние ќе го смениме името. Еве поченте од мојата Библија дома. Истата порака, како до Македонците од Пиринот беше упатена и до браќата од Егејска Македонија, каде беше побарано да се разбудат бидејќ сонот на Христијанско Братство е Обединета Македонија.

Третата порака беше упатена до оние што се родени во Македонија, а сакаат територија и јазик. Ќе добиете сѐ преку ноќ, но да научите едно – родени сте во Македонија, Вие сте Македонци, не Албанци. Да научите да го цените Уставот и законите на Македонија, како што ги цениме ние, Македонците. Трпението на Македонскиот народ е при крај. Ако мислите дека 2001 ќе ја повторите, нема да ја доживеете 2019. Или ќе научите да живеете рамо до рамо со нас, како Македонци или имате карта во еден правец до Албанија, до Косово, до кај сакате.

 

Грозданоски во својот говор упати порака до душманите, предавниците и за корумпираните политичари и расколниците што, како што вели тој, продадоа и мајка и ќерка: Толку болка и зло нанесовте на овој народ, толку ве проколна македонскиот народ, а вие ги проколнавте вашите неродени деца, како преедавници. Толку го пљачкавте, 28 години го крадете овој народ, затоа ќе ви се стави крај. Затоа Христијанско Братство дојде денес да ви вети, да ви даде завет дека нема да се повлечеме, до последно ако треба ќе се гине за Македонија.

Последната порака е до Македонците, до тие што беа на протестот, но и до тие што се кријат дома и пијат чај и што мислат дека така се брани Македнија. Епа не, Македонија не се брани од дома, Македонија се брани од тука (од улиците). „Ова е моментот кога треба да се обедините, да се сплотиме, затоа што нам не ни требаат во овој момент про-руски, про-американски, про-албански, про-бугарски партии, ни треба само една македонска партија која ќе грижи само за интересите на Македонскиот народ. Да се изгради Македонска национална стратегија и да се знае кои се црвените линии на оваа држава“.

Пораки и решенија од „Христијанско братство“ до власта:

– Под итно да се сопрат сите деструктивни политики на оваа власт кон Македонија
– Распишување предвремени парламентарни избори
– Да се формира легитимно Собрание
– Да има попис да се знае кои сме, што сме, колку сме
– Да се соберат сите здруженија да се исцрта една национална стратегија и да се направи црвена линија и рамка кои ако бидат преминати ќе бидат судени од својот сопствен народ на плоштад
– Слобода за патриотите, кои не се терористи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...