16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаСветБожјо чудо – карциномот започнал да му се повлекува додека поправал црква

Божјо чудо – карциномот започнал да му се повлекува додека поправал црква

Човек од Минесота чекал чудо, а тоа се појавило во најчуден момент – додека тој поправал напуштена и речиси срушена црква. Имено, на Грег Томас пред 3 години му бил дијагностициран карцином во четврти стадиум, а болеста се проширила на главата и на вратот.

“Кога открив дека болувам од рак, лекарите му рекоа на моето семејство дека треба да се планира мојот погреб.” – изјавил Томас.

Набрзо потоа бил отпуштен од работа, па не знаејќи што да прави со слободното време, започнал да оди на долги прошетки со своето куче. За време на една од тие прошетки наишол на напуштена црква во која никој не влегувал повеќе од 100 години. Томас верува дека токму таа црква му го спасила животот.

“Отишол докај соседите и рекол дека сака да ја бојадиса црквата, па го интересирало кој е задолжен за грижа околу црквата. Тие го упатиле кај мене.” – вели Дон Рајанда, благајникот на гробиштата кои се наоѓаат во склоп на црквата.

Томас  ветил дека ќе ја обнови црквата, под услов да му биде обезбеден материјал и да му се даде клуч.

Иако телото му било измачено од хемотерапијата, Томас започнал да работи на црквата, а кога влегол внатре увидел дека внатрешноста е недопрена.

Тогаш се случило нешто што Томас го доживеал како вистинско чудо. Откако завршил со уредувањето на надворешниот дел, тој открил дека карциномот започнал да му се повлекува, а уверен е дека се е поврзано.

Има намера да ја заврши својата работа, а наскоро ќе започне да работи на кровот и на внатрешниот дел.

Извор Делчево денес

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...