14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТелото на изгорениот Миле од Велес не е пронајдено ниту денеска.

Телото на изгорениот Миле од Велес не е пронајдено ниту денеска.

Иако работеа цел ден, крим техничарите на откривање на лешот на велешанецот Миле Паунов и ангажираната механизација на расчистување на гаражот и остатоците од куќата во комплексот Варналиите, сеуште не е пронајдено изгореното тело на старецот. Првите претпоставки беа дека затоа што тој користел само една соба на вториот кат од семејната куќа треба да се пребарува тој дел од купиштата со гараж. Но, до овој момент телото на осумдесетгодишниот велешанец не е пронајдено.

– Се работеше додека не падна мракот но за жал на местото каде се вршеше пребарување а тоа е најладниот дел од куќата не е пронајдено телото на сопственикот на изгорената куќа. На локацијата имало големи количини на гараж. По наредба на Основен јавен обвинител увидот во кој учествува и екипата на СВР Велес е запрен. Ќе продолжи увидот утре недела 22 декември, претпладне, рече портпаролката на МВР Сузања Трањиќ.

Паралелно со потрагата по телото на изгорениот маж денеска се уриваа делови од околните ѕидови на куќата кои останаа по пожарот. Багер веднаш го изнесуваше шутот од парцелата на која до вчера вечер, 20 декември 2019 година, до 23 часот, куќата постоеше. Тракторите го изнесуваа надвор од плоштадката кај Варналиите и го транспортираа на градската депонија за шут.

Засега првичните проценки се дека куќата се запалила од кварцна печка на која се греел Миле или од опушок од цигара.

Соседите ноќеска предочија дека Паунов последен пат го виделе околу 19 часот во расправија што на повисок тон ја водел пред куќата.

Загубата на човечкиот живот е безценета но кога станува збор и за куќата на Паунови како дел од комплексот во месноста Варнали станува збор за голема загуба за Велес. Таа заедно со куќите на Прнарови и Тренчови , од лева страна, и исто така на Маневи од десна страна на улицата Јован Алабаков се меѓу најстарите во градот. Куќите се изградени во 1868 година и најавтентично ја прикажуваат познатата велешка староградска архитектура. Освен што претходната држава, во 1964 година, куќите ги прогласила за културно наследство ни таа ниту сегашната им помага на сопствениците да ги одржуваат.

– Државата не им помага за реконструкција и адаптација, за да можат сопствениците во нив да живеат, и во исто време да бидат споменици на културно наследство. Сопствениците немаат никаква помош ни во намерата да ги направат своите куќи енергетски ефикасни. Освен судирот со законската регулатива треба да се потенцира уште негрижата на општеството да издвои потребн фнансиски средства, рече Градоначалникот Коцевски.

ммс

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...