23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Илинденското востание Aлбанците го сметаат за свое и нема да запреме...

Заев: Илинденското востание Aлбанците го сметаат за свое и нема да запреме со инклузивност додека Албанците не добијат 100% еднаквост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека не се спроведе 100 отсто еднаквост, нема да запреме со инклузивност на Албанците, вели премиерот во заминување Зоран Заев во интервју за српската телевизија Пинк и тврди дека Тиранската платформа и двојазичноста во „Северна“ се лага.

<

Албанците го сметаат Илинденското востание за свое, затоа што имало Албанци кои се бореле во самото востание против oсманлиското ропство кое владеело на цалиот Балкан па и во тогаша Република Македонија. Во такви околности, денеска нема никакви барања, нити тогаш ги имало, вели Заев, кој исто така првоат слуша од новинарката на ТВ Пинк за резолуцијата за геноцид врз албанското население од 1912 до 1956 година.

Тој одговара на повеќе прашања на новинарката во ТВ интервјуто, за скратената верзија на химната што Тамара Тодевска ја испеа во Американската амбасада.

Покрај промената на името, нема барања за промена на химната, знамето, грбот од било кого. Химната која нашата евровизиска преставничка ја испеа, ја исепа целата без една стофа. Нашата химна се интонира со скратени две строфи, една строфа или цела ако се интонира инструментално. Интепретаторката Тамара ја отпеа скратена без една строфа. Тоа беше пропуст на кој се реагираше.

За режимот на Слободан Милошевиќ вели дека дозволил да се создадат услови за отцепување на Албанците, од што штета имаат и Косово и Србија.

Мислам дека времето на Милошевиќ го направи своето, Косово да се оддели од Србија. Косово и Србија денес имаат проблем со тоа. Ние мислиме дека не треба да дозволиме да создадеме услови Албанците да помислуваат за цепење од средини каде што живеат во РС Македонија. Правиме инклузивен процес поучени од минатото. Овој инклузивен процес во РС Македонија успева. Ние денес сме на исто рамниште граѓани, со еднакви права и еднакви обврски, со тенденција да се унапредува додека не се постигне 100 отсто еднаквост, вели премиерот во заминување.

Во интервјуто премиерот во заминување зборува и за Шарената револуција во Македонија, за коалицирањето со партиите на Албанците, за Боки 13…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...