22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов- Не гледам никакви грешки во нашето работење досега.

Шилегов- Не гледам никакви грешки во нашето работење досега.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не сум задоволен како стоиме со правдата. Во борба сме со остатоците од она што беше Сваровски-судство. Со тоа судство се тепаме и поради тоа не до крај можеби во оваа фаза можеме да ја спроведеме правдата, која е толку насушно потребна во нашето општество. Тоа е следниот таргет, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.

<

Според него, работите бавно се одвиваат во судството, но не во целото, туку во она во чиј домен е одлучувањето за криминал. -Претежно зборуваме за еден суд во државата Основен, и еден суд во државата Апелациски, рече Шилегов.

Не смета  дека евентуално незадоволство од работата на градоначалниците може да се одрази на предвремените избори зашто, како што вели, народот е мудар, знае да ги дели работите и точно знае за што и за какви политики гласа. Во изминатите речиси три години не гледа, рече, фундаментални и стратешки грешки во носење политички одлуки од СДСМ, туку ситни и човечки грешки направени во ôд. Притоа нагласи дека за две и пол години земјава станува членка на НАТО.

 

Во однос на тоа дали Градски енергетски системи (ГЕС) ќе ја гради мрежата за снабдување со гас, градоначалникот одговори дека искрено се надева, и дека Градот ќе излезе од, како што рече, правните лавиринти во кои се наоѓа визави концесискиот договор со БЕГ.

-Ако сакаме да го решиме од корен проблемот со аерозагадувањето во нашиот град, ние мора стратешки и коренито да го решиме проблемот со затоплувањето на домовите. Во една таква констелација на односи, мојата одлука беше дека Градот мора да биде предводник и креатор на сопствена енергетска политика и заради тоа го создадовме ГЕС. Имаме животен интерес за развој на мрежата, зашто дисперзијата на топлотна енергија во што е можно повеќе домови значително ќе придонесе во намалување на емисијата штетни гасови во градот, истакна скопскиот градоначалник во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Шилегов во интервјуто вели дека преку пратеничката група на СДСМ поднел барање за измени на Законот за јавни претпријатија, со што ќе се озвоможи Град Скопје да воспостави целосна контрола над Дрисла. Очекува, рече, дека тоа нема да биде предмет на политичко пазарење и дека треба и акламативно да се донесе со цел градот да воспостави и фактичка контрола врз тој капацитет. Тоа е и единствен начин, како што рече, да се расчистат контриоверзиите и недореченостите и стравот што постои кај граѓаните за Дрисла.

Пуштањето во употреба на стационарот за кучиња скитници „Лајка“ (поранешно Вардариште) доцни поради стандарди што досега биле невообичаени за заштита на животните, како што е воведување подно греење, а комуналната полиција најавена до крајот на годинава е во застој поради закажаните предвремени избори. Законот е подготвен од Град Скопје и доставен на мислење до 17 институции.

Со усвоениот буџет на Град Скопје ќе продолжи континуитетот на инфраструктурни проекти кои почнале во 2019 и, како што рече Шилегов, ќе бидат сериозно видливи во 2020-2021. Во буџетот се предвидени и средства за зголемување на платите на пожарникарите.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...