14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ

ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 и „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на неколку месеци, започнувајќи од август до 29 декември 2019 година, осомничениот во повеќе наврати психички го малтретирал и навредувал градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Психичкото насилство започнало со закани и објавување статии со клевети и навреди по социјалните мрежи.

Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се содржат зборови од насилна природа. Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани.

Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколкупати бил опоменуван, но и покрај тоа продолжил да врши психичко насилство и да ја загрузова сигурноста на оштетениот. Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, откако осомничениот поради фотографирање на домот на градоначалникот бил повикан во полициска станица, а во негово име на оштетениот телефонски му се јавило друго лице, упатувајќи му сериозни закани.

Заканите продолжиле и од страна на осомничениот, упатени преку социјални мрежи, во кои тој повикува градоначалникот „да плати со крв и месо“. Ваквите закани го исполнуваат битието од кривичното дело „загрозување на сигурноста“, бидејќи со заканата упатена преку информатички систем осомничениот се заканува дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Со психичко малтретирање на градоначалникот и на членовите на неговото семејство, кај кои предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, осомничениот ги исполнил елементите на кривичното дело „насилство“.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, оцени дека се исполнети законските основи, како и дека постои можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши делото со кое се заканува, па во насока на непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.​

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...