12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки13- Добивам закани по живот, на кого му одговара да не се...

Боки13- Добивам закани по живот, на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, пред судиите денеска изјави дека добивал закани по живот, имал притисоци и за тоа го известил и обвинителството, известува репортерот на Телма Билјана Николовска.

<

 

Тој праша- на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“. Себе си се оквалификува како политички затвореник.На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева на предлог на Вилма Русковска.

Следното рочиште е закажано за 20 јануари на кое како сведоци треба да се појават обвинителката Лиле Стефанова, Бурим Рустеми и Сања Димовска некогашна шефица на кавинетот на Јанева.

Еве дел од денешното сведошење на обвинителката Елизабета Јосифовска:

„На состанок во декември 2018 Лиле Стефанова достави предлог за одбивање на жалба и продолжување на притвор на Орце Камчев. Катица Јанева побара да биде заменет со куќен. Беше збунувачки за сите и Лиле велеше дека ќе биде штетно за истрагата која само што почна. Јанева рече дека тоа ќе биде добро за процесот“, истакна во своето сведочење Елизабета Јосифовска.

На 2 мај 2019 Јосифовска потпишала мислење за издавање на времен пасош на Камев.

„Барањето се работеше итно, беше добиено утрото, а кај мене на потпис стигна пред крај на работно време. Јанева и Стефанова не беа на работа, а мене ми беше чудно што не се почитуваше стандардната процедура. Се јавив кај шефот на кабинет на Јанева и таа ми рече дека комуницирала со специјалната обвинителка која потврдила дека треба времен пасош. Се слушнав телефонски и со Лиле таа не се согласуваше но последниот збор го имаше по закон Јанева“, сведочеше Елизабета Јосифовска.

Билјана Николовска-Телма Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...