19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев ја потпиша оставката, нa ред е техничката влада

Заев ја потпиша оставката, нa ред е техничката влада

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието на Република Северна Македонија.

<

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на Парламентот, Талат Џафери за новиот мандатар.

 

Потоа, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на Владата и да биде избран новиот состав на техничката влада. Дополнително ќе биде соопштен терминот за одржување на седницата.

 

Како што е веќе познато, според договорот на политичките партии, мандатар на новата техничка влада ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе бидат Наќе Чулев и Рашела Мизрахи. Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, а таа се формира 100 дена пред предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...