24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска слават именден Наум и Наумче- Нека е за многу години Свети...

Денеска слават именден Наум и Наумче- Нека е за многу години Свети Наум Охридски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер, исцелител и просветител на македонскиот народ. Во народот овој ден е попознат како Св. Наум зимски. Има и уште еден кој се празнува на 3 јули

<

Именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија.

Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот.

Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни.

Со света архиерејска божествена литургија во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски чудтоворец на Попова Шапка беше одбележан денешниот празник Свети Наум.

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

Беседа пред приусните во црквата одржа отец Александар Стојановски.

-Свети Наум е ученик и сотрудник на Свети Климент и заедно биле воведени во христовото евангелие и монашката предаденост и заедно ја вршеле мисијата во Светиклиментовиот универзитет. Свети Наум е изникнат од нашиот род и во текот на целиот свој живот му служеше на народот од овие простори и покажа како христијaнски да се живее не само тука, туку во целиот православен свет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...