3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколче Трајчевски, битолчанецот кој со борбениот авион Сухои ги “поткрена” Битолчани

Николче Трајчевски, битолчанецот кој со борбениот авион Сухои ги “поткрена” Битолчани

spot_img

За време на кризата во 2001 година од страна на Армијата на Република Македонија беа набавени борбени авиони од типот на Сухои. Еден од нив беше управуван од наш битолчанец и впечатливо за тој период беше неговиот прелет на само стотина метри од градот, со што ние битолчани до ден денес ја паметиме таа случка која буквално грмеше и ја “поткрена” Битолата…

Здраво господине Николче Трајчевски за најпрво да ги доближиме битолчани до вас дали може мало и кратко инфо за вас?

Роден сум на 14-ти февруари 1969 во Битола, од мајка Цветанка и татко Томе, имам брат Васко кој работи на болница. Битола ја напуштив после завршено основно образование во Стив Наумов, средно школо учев во Мостар. Ја имав таа среќа да успеам да се кандидирам за Воената Воздухопловна Академија во Задар Хрватска, после успешно завршена летачка селекција, со уште 90 питомци.

Бев селектиран да се школувам како воен пилот на авиони. После 3 семестри интезивна теорија почнав да летам на млазен авион Галеб 2 во Задар и успешно поминав уште една летачка селекција која за жал не ја поминаја сите.

За моја среќа во 3-та година или 5-от семестар, сега во Титоград (Подгорица) Црна Гора, го воведоја Галеб 4 во обука за прв пат во трета година на школување и така ги налетав сите сати предвидени за обука на тој авион во трета година.

Во четврта година академија, исто така во Подгорица, за прв пат во историјата на РВ и ПВО авионот ОРЕЛ(ОРАО) беше воведен за обука на академија и јас и уште 6 мои класичи бевме селектирани да летаме на тој тип на авион и од нашата успешност или не, зависеше дали ќе се продолжи школување на питомци на тој тип на авиони.

Се покажа дека сме биле достојни на предизвикот што беше поставен пред нас. Како потпоручник бев промовиран во Задар, каде и што беше академијата, другите градови беа нејзини центри за практична обука, како пилот ловец-бомбардер на трансонична авијација.

Прва служба ми беше во Мостар од каде и се вратив назад во Македонија 92-ра.

Тука работев се до 2004 завршив неколку курсеви во Прага, Чешка, Измир Турција, Загреб Хрватска, Монтгомерy Алабама САД, и пост дипломски заврсив во Маxвел Аир Форсе Бејс на Аир Университи исто така во Монтгомерy Алабама САД. Тоа е околу моето образование и кариера, во МКД работев како инструктор по летање и тест пилот, во мојата летачка книшка имам впишано летање на 7 типови на авиони.

Од кога сте во Америка и каков е животот таму?

Сега живеам во САД блиску до Чикаго и работам како шофер на камион, градот се вика Цедар Лејк во Индиана, друго немам ништо професионално работено. Животот тука е нормален и пружа многу можности, на тебе е како ќе ги искористиш, се работи многу повеќе од колку во МКД, кога јас бев таму, незнам сега, и што е интересно се гледаат и резултати, за разлика од МКД тука успеав да решам многу егзистенцијални работи за релативно кратко време што во МКД не успеав за 12 години работа. Не е сѐ идеално, али еден нормален живот успеав да обезбедам за себе и за своето семејство.

Дали ви недостига Битола и вашите сограѓани битолчани. Дали не посетувате често и доаѓате повторно во вашиот роден крај?

За 15 год за жал имам само еднаш дојдено во МКД и тоа нешто ми фали, фамилијата, другарите, пријателите, колегите и секако летањето. За сите години на служба во АРМ со Злинот имам направено безброј прелети над Битола, учествував во аеро митингот во Логоварди кога се отвораше школото, кое за жал никогаш не проработи, како соло авион, изведов една солидна програма.

Какво беше чувството да се управува Сухои?

Имам учествувано и на други манифестации како соло или во група, секако најдраг и најубав лет ми беше кога со Сухојот ја надлетав Битола, тоа беше едно ветување што го имав дадено на моите родители и сум многу среќен што го исполнив.

Како беше чувството кога многу ниско ја надлетувавте Битола? Дали имаше некои коментари од битолчани?

Коментарите како што после слушнав од многу луѓе не престануваа следните 2 недели, малку ми беше жал што некои луѓе, дечиња, се исплашија од звукот али се надевам дека ми простија.

Дали повторно би се вратиле тука?

Животот во Македонија и посебно во Битола на сите ни фали, сега слушам и сум во контакт со многу луѓе и реалноста е таа што многу луѓе се иселија и имаат намера да го сторат тоа. Многу ми е жал за тоа али не ги кривам, секој бара нешто што ќе го исполни во животот. Јас ја памтам Битола од моето време, како член на Џудо клубот Пелистер, како член на КУД Гоце Делчев. Сите тие се назаборавни времиња што ги поминав во Битола и секако дека ми фалат многу, луѓето исто така што заедно ги делевме сите тие убави моменти.

ИЗВОР: https://www.babambitola.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...