5.3 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН КАУБОЕЦ НА БАЛКАНОТ, РОДЕН Е ВО ТЕТОВО. (ВИДЕО)

ПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН КАУБОЕЦ НА БАЛКАНОТ, РОДЕН Е ВО ТЕТОВО. (ВИДЕО)

Во 2019 се навршија 20 години од смртта на Хари Џексон, роден во Тетово како Аљуш Мусли, кој на осум години се преселил во босанска Биелина. Како и голем број деца од тоа време, бил фасциниран од Дивиот запад. До толку што го променил името и почнал да снима вестерни.

Аљуш или Хари е роден во 1944 во Тетово, а во Биелина со таткото и тројцата браќа се преселил во 1952. Изучил фотографски занает, отворил и сопствена фотографска работилница, а почнал да се интересира и за филмот, особено за вестерните. На таблата над неговото фото-студио пишувало: „Фото-режисер на вестерни Хари Џексон“. Првите две ќерки му се викале Џенета и Вирџинија, а дури третата, на инсистирање на сопругата Бахрија, добила малку „пообично“ име – Џенита.

Хари самиот ја купувал или ја правел опремата за филмовите – пушки, седла,облека, шешири. „Глумци“ биле негови пријатели и познаници, возот бил популарниот Ќиро и возел за Мезграј, а биелинските Роми биле Индијанци и Мексиканци. Селаните му ги давале коњите и кравите за статисти, Дрина била славната Рио Гранде, и сето тоа било преточено во единствена филмска епопеја на револверашка правда, во која доброто секогаш го победувало злото.

Првиот филм се викал „Бесењето на Хари Џексон“. Следеле „По трагата на злосторството“, „Ловци на злато“, а „Одмаздата на Хари Џексон“ добил и награда на Загрепскиот фестивал на краток филм во 1979. Тој станал толку популарен, што по неколку години е пуштен пет минути до полноќ воочи Новата година на загрепската телевизија.

Срѓан Карановиќ снимил получасовен документарец за Хари кој бил прикажан на телевизија, а истото го сторил и Емир Кустурица, за приемниот испит на Прашката филмска академија. Хари во тоа време е канет да зборува пред студентите на филмските академии во Белград и Загреб, а биле организирани и ретроспективи на негови филмови. Последниот филм, „Борец за правда“ го снимил во 1984, за ТВ Нови Сад.

Хари бил познат по бескомпромисноста во остварувањето на својот сон. Војувал со општинарите и со полицијата, а кога еднаш му понудиле големи пари за да сними партизански филм, веднаш одбил, иако финансиски едвај преживувал.

Кога пунало во Биелина, Хари успеал да го извлече семејството, но самиот останал. Го изнел радиото пред куќа и го пуштил гласно Радио Сараево. Во дворот му експлодирала бомба, во куќата среде сите филмски реквизити упаднале специјалци, го уапсиле, го пратиле на фронт од каде дезертирал, а во куќата му доселиле извесен Борко од Државна безбедност. Правдата во овој „филм“ не победувала, а неговиот свет се срушил. Починал летото 1999, се уште верувајќи во уметноста, но не можејќи да се вклопи во новата реалност.

Денес на зградата на градското кино во Биелина стои мурал во негова чест.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...