20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаУченици Aлбанци без интерес за македонскиот јазик, учебниците и политиката на партиите...

Ученици Aлбанци без интерес за македонскиот јазик, учебниците и политиката на партиите допринела да не се учи македонски?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Учениците Албанци од основните училиште не покажуваат интерес за учење македонски јазик, иако од четврто одделение овој предмет е задолжителен. Наставниците велат дека многу фактори влијаат за ова, дури и политиката во последните години, се вели во прилог на ТВ Алсат.

<

Наставничката Ениса Абдулаи, како една од причините ги наведува и проблемите во наставната програма. Според неа, она што нема никаква смисла е што прво се изучуваат текстовите, а потоа буквите.

„Наставните програми и планови се тешки, особено ако се земе предвид дека тие почнуваат во четврто одделение. Претходно македонскиот јазик беше задолжителен од трето одделение и мислам дека таа реформа треба да се врати. Повеќе се фокусираме на другите јазици, отколку на македонскиот. Тие имаат потешкотии, особено во шесто одделение. Илустрации дефинитивно недостасуваат, книгите се многу оскудни, ако не ги преведам јас текстовите, песните, тие веројатно нема да ги разберат“, изјави Ениса Абдулаи, наставничка по македонски јазик.

Учениците велат дека честопати се принудени да учат напамет, бидејќи не разбираат ништо што е напишано.

„Верувам дека е потешко од другите јазици. Зошто можеби почнува подоцна, на пример, знаеме англиски повеќе од македонски. Во македонските книги има повеќе приказни, текстови отколку цртежи и ова претставува проблем за нас за да разбереме подобро“, рече Блерта Тахири, ученик.

„На пример, на англиски има слики и покажува за што станува збор, дури и без да се обидеме да ги прочитаме, можеме да ја разбираме идејата од сликите. Но, на македонскиот јазик недостасуваат слики. Има повеќе текстови, поезија и граматика“, нагласи Ениса Османи, ученик.

Поради бројните жалби за наставните програми и планови на овој јазик, Бирото за развој на образованието почна активности со наставниците за промена на постојните наставни програми и планови.

 

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...