6.3 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанец на своите вработени им исплатил К-15 по 100 денари.

Велешанец на своите вработени им исплатил К-15 по 100 денари.

spot_img

Велешка текстилна фaбрика исплатила К-15 од 100 денари. Останатите исплати се 1.000, 3.000, 3.500, 5.000 и 6.000 денари. Една штипска конфекција исплатила 4.000 денари во некакви бонови за пазарување од еден супер маркет.

<

Три угостителски објекти, четири супер маркети, три градежни фирми и триесетина текстилни конфекции се на списокот на невладината „Гласен Текстилец“- Штип, бидејќи на работниците не им исплатиле К-15, или на сметките на работниците им пуштиле од 100 до 6.000 денари наместо максималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“- Штип вели дека пријавите од текстилните работници пристигнуваат за конфекции од Крива Паланка, Штип, Делчево, Ресен, Пробиштип и Кочани.

– Досега сознанијата се дека две фабрики воопшто немаат исплатено регрес за годишен одмор, а дел исплатија во деновите по Нова година. Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари. Останатите исплати се 1.000, 3.000, 3.500, 5.000 и 6.000 денари. Една штипска конфекција исплатила 4.000 денари во некакви бонови за пазарување од еден супер маркет, не знаеме какви се тие бонови еве тоа што го слушавме сега се случува – вели Ампева.

Во изминатите денови од Здружението им помогнале на дваесеттина работници да достават барања за добивање на К-15 од своите поранешни фирми, а, како што вели Ампева, овие работници само ги доставиле до Трудовиот инспекторат.

Според неа, позитивно е што работниците веќе го користат бројот на Трудовиот инспекторат.

– Втора година по ред како функционира оној број, 15 131 којшто е ставен во фунција од Министерството за труд и социјална политика и Трудовиот инспекторат. Голем број од работничките си ги користат тие механизми, две години по ред што е супер, за поздравување дека нели треба веќе да ги користат институциите, механизмите, што им стојат на располагање – рече Ампева.

Според она што го имаат како претставки од работниците, во две конфекции каде што има синдикална организација исплатата на регресот за годишен одмор е во неполн износ, а како што вели Ампева, тоа е срамно. Токму овие конфекции треба да бидат пример за останатите, смета таа, со цел работниците да се мотивираат и да почнат со синдикално здружување.

– Досега имаме сознанија дека пет до шест фирми имаат исплатено полн износ на К-15 од 10.100 денари, поголемиот дел се од Штип. И натаму останува проблемот што го имаме веќе со години наназад, поради тоа што не е прецизирано во општиот колективен договор, што кога фирмата е во загуба, кој е најнискиот износ. Затоа е и вака и се уште се случуваат истите манипулации – рече Ампева.

Таа побара од Управата за јавни приходи да кажат што значи загуба, кога една фирма ќе пријави.

– Работниците не знаат, ниту пак ние како организација знаеме што значи работење во загуба, еднаш веќе прашав дали тоа е инвестиција, дали тоа е нова кола, нови машини, што е загуба, што е нови инвестиции, за да знаеме што да им кажеме на работниците, кога не прашуваат дали 1.000 денари е регуларна исплата на К-15. Освен тоа што бараме да ни појаснат што е тоа загуба во работењето и исто така да ја проверат и ситуацијата на терен – вели Ампева.

Доколку на УЈП им се потребни информации, претставниците на Гласен Текстилец се понудија да им ги дадат, бидејќи дел од фирмите пријавуваат загуба, а истовреме користат и еден куп мерки од државата.

Во текот на наредната недела ќе имаат и појасна слика околу исплатата на зголемената минимална плата, бидејќи работниците платите ги добиваат од 10 до 15 ти во месецот. Ампева смета дека новиот Закон за работни односи е заглавен поради предвремените Парламентарни избори, но за неа поклучно е во моментов е синдикатот и Организацијата на работодавачи да почнат да работат на новиот колективен договор за приватниот сектор, кој треба да даде многу поголеми права на работниците.

– Сојузот на синдикатите и Организација на работодавачи ништо не ги спречува да донесат нов колективен договор, за ваквите работи да ги изменаџираме за наредниот период – вели Ампева.

Прашана дали со ова ги предзвикува ССМ и Организација на работодавачи да седнат на иста маса за донесување на колективниот договор за приватниот сектор, Ампева вели дека веќе ги предизвикуваат три до четири години.

-Тие ја имаат моќта за донесување одлуки и се вклучени во сите економски, социјални дијалози и случувања, кои се случуваат во Скопје. Ние не сме вклучени во економско-социјалниот совет, за да и ние седнеме и да можеме да преговараме и не знам дали им е тешко или не им е тешко да седнат на исто маса, но тоа е нивна работа, за тоа тие се платени и за тоа тие се репрезентативни – вели Ампева.

Таа вели дека како невладина имаат реакции и претставки од страна на работниците, а доколку синдикатите сакаат можат да се информираат и да работат на нив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...