27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата потпиша договор: Ќе се гради нов автопат долг цели 2 километри,...

Владата потпиша договор: Ќе се гради нов автопат долг цели 2 километри, но не се знае кога ќе биде готов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Скопје за Приштина ќе се стигнува за помалку од еден час, но од која година никој не знае. Првично владата најави дека 12,5 километри автопат од Скопје до Блаце ќе биде готов во 2023 година, но денеска на потпишувањето на договорот со „Гранит“ за изградба на првите 2 километри кои ќе чинат над 12 милиони евра, надлежните избегнуваа да прецизираат рокови. Само се знае дека првите 2 километри ќе почнат да се градат на пролет, и треба да се готови дури по 1,5 година или на средината на 2021-та. А проектот за останатите 10 километри допрва ќе се прави.

<

Најубаво е добар проект и да не се радуваме на брз проект, некогаш изгледа бавно но добриот проект прави брза градба. Тогаш нема да има никаков проблем, рече Китанов.

За Сугарески пак не е преголема реклама промоцијата на 2 километри автопат кој со години се најавува.

Апсолутно не мислам дека е некаква фанфарија, туку сакаме да ја информираме јавноста дека почнуваме, практично од на пролет со изведба на овој проект, рече Сугарески.

Вицепремиерот Османи пак потенцираше дека е малку емотивен.

Знам дека може да ви звучи дека е малку 2 километра за толку напор, меѓутоа автопат на таков географски терен во отсуство на било каков претходно подготвителен проект значеше многу ангажман на многу институции, рече Османи.

Но за да почне изградбата и на тие 2 километри, со експропријација треба да се решат 68 парцели на жителите на Блаце низ кои треба да помине трасата. Од владата се оптимисти дека и тоа ќе го решат до пролет, обезбедени се пари, а државата планира да дава до максимални 50 евра за метар квадратен земјиште.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...