11.9 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонец сакал да прошверцува 50.000 цигари во тетрапак сокови! (ВИДЕО)

Македонец сакал да прошверцува 50.000 цигари во тетрапак сокови! (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шверцерската пратка „спакувана“ во амбалажа од соковите „Јафа“ можеле да ја запрат и нашите цариници, да работеле според правилата и да сакале. Но, наспроти напорите на Царинската управа да се запре ова зло, сѐ уште има цариници и шефови кои очигледно соработуваат со шверцерите.

<

Се уште се свежи сеќавањата на скандалот со обидот за шверцување на 700.000 евра напикани во шише на унгарската граница. Покрај сериозноста на скандалот кој тогаш ја потресе Македонија, јавноста се забавуваше и со дилемата како може толку пари да се сместат во едно пластично шише.

Пред околу два месеца, унгарската царина објави уште едно видео за пресретнат шверц од Македонија, од кое се гледа дека досетливоста на македонските шверцери нема граници. Овој пат станува збор за шверц на цигари во картонски пакувања со логото на соковите „Јафа“. Погледнете го внимателно ова видео, видете како стручно се спакувани цигарите, а ќе забележите дека некои од тетрапак опаковките се наполнети со песок, веројатно со цел превозното средство да ја има потребната тежина.

Плусинфо тргна по трагата на оваа информација и дојде до интересни сознанија. Пред сѐ, треба да се каже дека случајот е расчистен и тоа може да се види и на официјалната страница на унгарската царина. Станувало збор за 50.000 кутии цигари со македонски бандероли. Фирмата „извозник“ ја презела вината и платила казна од 400.000 евра.

Но, прашање е колку вакви пратки поминале. Според нашите сознанија, со опаковките на соковите „Јафа“ поминале седум до осум пратки, со што на компанијата “Коктел трејд“ од Тетово, застапникот на трговската марка „Јафа“, ѝ се нанесени значителни штети. Кој ќе одговара за тие штети?

Возилото со шверцуваните цигари е извозно оцаринето на терминал на 4 ноември 2019 година во 21:26 часот. Плусинфо има информации за регистерските таблички на возилото, за кумановската фирма извозник на 20 палети сокови и за шпедитерот. Овие податоци ги имаат и нашите надлежни органи и затоа оставаме тие самите јавно да ги соопштат. Интересно е дека како увозник се појавува фирма од Братислава, регистрирана на 31 јануари 2019 година и која има само еден вработен.

Некој ќе рече, цариниците не морале да ги знаат овие работи. Можеби… Но, бидејќи во извозната царинска декларација, чиј број исто така ѝ е познат на редакцијата, прецизно е наведено дека се извезуваат сокови од брендот „Јафа“, царинскиот службеник бил должен да го запре возилото и да го извести застапникот на трговската марка. Царинскиот службеник требало да се посомнева и во тарифната ознака 2202, која се однесува на вода, а во декларацијата е наведено дека се извезуваат сокови.

И царинските службеници на граничниот премин Табановце требало да го запрат возилото, бидејќи во нивниот компјутерски систем се гледа кој е сопственик на трговската марка „Јафа“. Таа информација ја има на сите гранични премини во Македонија. Со други зборови, доколку постапеле според правилата, македонските цариници самите ќе го откриеле шверцот на цигари. Но, дали сакале? Дали меѓу одговорните шефови на царината во Куманово нема лице некогаш осомничено за шверц на цигари, но и друго лице еднаш веќе условно осудено и со куп кривични пријави?

За жал, покрај сите усилби на Царинската управа на Македонија, за која нашите извори тврдат дека не стои зад фирмите кои на вакви начини шверцуваат разна стока, факт е дека оваа појава е присутна. Со ваквите заплени, каква што е оваа од унгарските цариници, на трговските марки им се нанесуваат штети, а трпи и угледот на нашата земја, кандидатка за членство во Европската унија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Австрија победи на Евровизискиот натпревар за песна 2025 во Базел, Швајцарија

Австрија победи на Евровизискиот натпревар за песна 2025 во Базел, Швајцарија, во саботата, што е првата победа за земјата по триумфот на Кончита Вурст...

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...