18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветФирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија

Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Софиската фирма „Блацион” чиј управител е македонскиот граѓанин Блаже Игнатовски увезла отпад од Италија кој пристигнал во бугарското пристаниште Варна, објави бугарската БТВ Новините.

<

Обвинителството во Варна почнало истрага за товарот по информациите за нарушување на редот за прекуграничен пренос на отпад, а во неа се вклучени Министерството за внатрешни работи, Обвинителството, Царината и екоинспекцијата во Варна. Засега, како што јавува телевизијата, нема приведени лица.

Испраќачот на товарот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино, а увозник е софиската фирма „Блацион” чиј управител е македонскиот граѓанин Блаже Игнатовски. Според Регистерот на компании во Бугарија, освен Игнатовски, содружници во фирмата се македонскиот државјанин Горан Ангелов и италијанските државјани Енцо Боче и Винченцо Трасари.

Товарот, 25 контејнери со бали со отпад, со брод од италијанското пристаниште Салерно пристигнал во пристаништето Варна-Запад на 9 октомври и според законот, во рок од 90 дена фирмата увозник треба да ја насочи пратката за царинење и достава или за реекспорт, но тоа не се случило, па реагирала Царината.

„Царината утврдила дека истекол рокот и според процедурата, до увозникот на робата испратиле писмо за регулирање на состојбата, но, колку што сум информирана, одговор не добиле”, вели Владислава Панајотова, раководителка на Регионалното обвинителство-Варна.

Надлежната обвинителка Невена Илиева објаснува дека отпадот што стигнал во Варна се разликува од декларацијата во царинската документација и наместо пријавените пластични отпадоци и каучук, во балите имало различни други текстилни, стаклени и дрвени отпадоци.

Компанијата досега не била предмет на полициски проверки, но на нејзината адреса во Софија, наведена во Трговскиот регистар немало претставници на „Блацион”. На новинарите кои се обиделе да стапат во контакт со нив на наведена адреса, на домофон им било одговорено дека таму никогаш немало таква фирма.

Инаку, како дејност на фирмата во Регистарот е наведено собирање, третман и трговија со отпад од домаќинствата, а сега истражните органи проверуваат дали фирмата „Блацион” имала лиценца за преработка на отпад и дали содржината на 25-те контејнери е во согласност со дозволата.

Друг прекршок во врска со овој товар е што отпадот не е вакумиран и балиран, како што налага законот за прекуграничен пренос на отпад. Но, од Министерството за животна средина не коментирале што откриле екоинспекциите.

Инаку, деновиве во Бугарија се откриени повеќе случаи со увоз на опасен и сомнителен отпад, а во пристаништето во Бургас се вршат проверки на над 20 контејнери со отпад од Италија, наменети за фирма во Плевен.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...