15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот јазик, еден од 10-те најстари јазици кои се зборуваат и денес!

Македонскиот јазик, еден од 10-те најстари јазици кои се зборуваат и денес!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еволуцијата на јазиците е слична на биолошката еволуција – се одвива генерација по генерација и не може да се најде точна граница помеѓу еден јазик и следниот кој го наследува.

<

Секој од јазиците кои следуваат имаат нешто специјално во нив – нешто што ги разликува од останатите. Ова се најстарите јазици кои се уште се користат.

 

На листата на топ 10 најстари светски јазици кои се зборуваат и денеска е и македонскиот.

Еврејски јазик

Интересно нешто поврзано со еврејскиот јазик е тоа што престанал да се користи околу 400-та година и останал како литургиски јазик низ светот, но истиот „воскреснал“ во 19-от и 20-от век и сега е официјален јазик јазик во Израел. Модерната верзија се разликува од библиската, но тие чиј мајчин јазик е еврејскиот лесно може да разберат и староеврејски.

Тамилски јазик

Тамилскиот јазик е јазик кој се зборува од 78 милиони луѓе и е признаен како официјален јазик во Индија, Шри Ланка и Сингапур. Тој е единствениот класичен јазик кој успеал да остане во употреба до денес.

Литвански јазик

Најголем дел од европските јазици припаѓаат на индоевропската група јазици, но сите биле еден јазик околу 3500 г.п.н.е. Литванскиот јазик е дел од балтичката група јазици во индоевропското семејство кој содржи најголем дел од протоиндоевропскиот јазик, стариот јазик кој се зборувал пред 3500 г.п.н.е.

Фарси

Овој јазик денес се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, меѓу другото. Тој е, впрочем, персискиот јазик и е јазик кој се создал од староперсискиот.

Исландски јазик

Овој јазик припаѓа на северногерманската гранка јазици во индоевропското семејство. Јазикот останал речиси непроменет од 14-от век.

Македонски јазик

Словенската група на јазици е релативно млада во однос на останатите јазични групи. Нашиот јазик е најблиску поврзан со стариот црковен словенски јазик и зачувал најмногу карактеристики на старословенскиот јазик, во споредба со останатите словенски јазици.

Баскиски јазик

Јазикот го зборуваат само мал број луѓе во Шпанија и Франција, но не е поврзан со романските јазици (како шпанскиот и францускиот), но и било кој друг јазик во светот. Тој претставува мистерија за лингвистите денес.

Фински јазик

Овој јазик првпат бил запишан во 16-от век, но неговата историја оди многу порано. Сепак, финскиот јазик содржи многу позајмени зборови кои биле адаптирани низ вековите.

Грузијски јазик

Овој јазик е најголемиот јазик од групата на картвелски јазици. Тој е прекрасен јазик и има уникатна азбука која се смета дека започнала да се користи во 3-от век.

Ирски јазик

Само малку луѓе го користат ирскиот јазик како мајчин денес, но тој е многу стар јазик и постоел уште пред Германците да ја населат сегашна Велика Британија.

Канал 5

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...