7.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаЗабаваОд игра во зима не се настинува, туку напротив, се зајакнува!

Од игра во зима не се настинува, туку напротив, се зајакнува!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас мислам дека дете од трчање не настинува, туку може да настине ако „собере“ студ или ако испотените алишта се исушат на него. Од игра во зима не се настинува, туку напротив, се зајакнува, вели наставникот Мартин Поповски.

<

Зимскиот распуст е период во годината кога најголем број од децата што одат на училиште времето го поминуваат во својот дом. Тоа е така главно поради ограниченоста на движењето поради ниските температури и студот, загадувањето или, пак, неможноста на родителите да ги пратат децата на зимување.

Пред телевизор, пред лаптоп, на телефон, со другарчиња, со играчки, друштвени игри, спортување, прошетки… Како квалитетно да се поминуваат деновите додека трае зимскиот распуст? Одделенскиот наставник Мартин Поповски од училиштето „Панајот Гиновски“ во Скопје, кој е дел од образовната програма „Бибиверзум“, споделува неколку совети за родителите и за децата.

Децата треба добро да се наспијат

Во текот на целата учебна година децата мора да стануваат многу рано за да се подготват и да појдат на училиште. Затоа, во овие денови кога се на одмор, добро нека се наспијат, вели Мартин.

– Верувајте, децата се исцрпени. Стануваат рано, потоа се активни психо-физички на училиште по цели работни денови, имаат многу часови, а освен тоа имаат и воннаставни активности. Затоа им е потребен одмор, а распустот е совршен за одмор. Значи, пред сè, најважни се одморот и добриот сон, кој е есенцијален за правилен развој – вели наставникот.

Денот да им почнува релаксирано

Секој ден почнува со одржување на личната хигиена и со раскревање на постелата и на собата. Тоа се навики и ред кои треба да се одржат и во текот на распустот. Многу е важно сè да се одвива релаксирано и полека, препорачува Поповски.

– Важно е денот да почне полека, без форсирање, бидејќи децата целото полугодие се во трчаница. Убаво е денот да започне, на пример, со едно јаболко, додека се гледа омилениот цртан филм, па макар и во пижами. По појадокот, умно е, ако не е загаден воздухот, да се искористи денот за прошетка или за игра, независно дали температурите се ниски или не – препорачува Мартин.

Тој вели дека според неговото искуство со работа со учениците, играта надвор на студено време го јакне имунитетот.

– Особено треба да се користи времето надвор кога има ветер, а со тоа и чист воздух. И да се испоти, нема да настине. Јас мислам дека дете од трчање не настинува, туку настинува ако „собере“ студ или ако испотените алишта се исушат на него. Од игра во зима не настинува, туку напротив, се зајакнува. Јас не сум доктор, но бидејќи често поминувам време со деца и во и надвор од училиштето, на игралиште или во парк, ова го зборувам од искуство – додава Мартин.

Технологија да, но умерено

Важно е децата и во текот на распустот да учат нови нешта. Најинтересно им е кога тоа го прават на интернет. Затоа, убаво е да гледаат едукативни содржини од кои нешто ќе научат, порачува наставникот.

– Родителите не треба да им ги забрануваат содржините на интернет, туку да ги изберат оние што подучуваат. Се разбира, треба да се ограничи времето што го поминуваат пред екраните. Има многу едукативни видеа со чија помош се учи цртање на лесен и едноставен начин, со едноставни чекори. А кога дете успешно ќе нацрта, тоа е задоволно и среќно и уште помотивирано и поохрабрено да сработи и следен цртеж. Што е најважно, со цртањето децата ја развиваат фината моторика. Исто така, многу е важно и да ги развиваат фантазијата и креативноста сами, одлучувајќи што ќе работат, секако низ игра – советува Поповски.

Друштвени игри

Освен тоа, убаво е да се најде време и за друштвени игри. Мој предлог е играње шах, игра која го развива мозокот, тера на размислување, а учи на трпение.

– Добро е да се играат и други друштвени игри со кои ќе се забавуваат и ќе учат. Исклучително забавна и корисна е „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“, од која многу се учи од прашањата и од одговорите. Интересни се и картите за развивање на меморијата. Добро е децата да играат која било друштвена игра. Корисно е да изгледаат филмови, анимирани или играни, приспособени на нивната возраст, како и да изгледаат некоја театарска претстава. Распустот е добро време и за читање. Добро е секое дете во одделенска настава да чита по неколку страници од омилената литература и, секако, од лектирите што им ги дале наставниците – завршува Мартин.

Извор: deca.mk

Share this:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...