13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЏамбазов: Тошка, чувај место таму горе, се гледаме...

Џамбазов: Тошка, чувај место таму горе, се гледаме…

Ангелу, чиј си сега ти? Каде си? Во чија близина си? Да можеше да ме погледнеш во очи ќе ја видеше тагата во нив по тебе што те нема, иако само од тебе душата остана. Ќе видеше колку се чувствувам виновна што не бев на ниту еден твој концерт, помислив дека твојот живот уште долго долго ќе трае… И игрите на твоите песни ќе бидат засекогаш без граници.

Се чувствувам сѐ уште добро додека ги слушам твоите песни, иако знај дека солзите во секоја секунда од секоја твоја песна се спремни да протечат. Знам дека си на добро место сега, знам дека .. Знам дека Господ те чува… Во рајот те сместил зошто човек како тебе еднаш се раѓа, затоа што ти си синот божји..

Ти благодарам што внесе толку љубов во мене, ти благодарам што од тебе научив дека постојат добри луѓе на светот. Мислам, ти беше како спиритуален водич, показател дека можеп да правиш добрини секому без притоа да се фалиш. Дека духовноста е можеби најубавото нешто што може да ти се случи, покрај љубовта.

И токму затоа ме научи да нѐ го повредувам оној што го сакам, нѐ научи сите дека треба да го спасиме заедно светот, да нѐ лажеме бидејќи некој ќе биде наша казна.
Се прашувам дали си сега ѕвезда северница, дали живееш некој егзотичен сон, дали има ден повторно таму негде горе да те слушаме како некогаш?

Дали ќе најдеш жена балканска, некоја малечка и убава само за тебе… Која ќе ја наречеш љубена, во чии руси коси ќе ѝ спиеш, која нема да прашуваш дали те сака само со зборови и за која ќе си спремен да играш и руски рулет само за да ја измамиш нејзината насмевка бидејќи сигурно многу ќе ја сакаш…

Која ќе ја врзеш за себе, која ќе биде синоока и босонога, за која ќе го лажеш секој нов рефрен, чии образи никој нема да ги гризе, која ќе биде среќна и која нема да те лаже… Која нема да биде студена и нема да има срце од камен. Која ќе биде лејди, која ќе биде девојче убава како тетовско јаболче.

majkatiitatkoti

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...