29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветГерманците не знаат што да прават со дизел возилата, никој не сака...

Германците не знаат што да прават со дизел возилата, никој не сака да им ги купи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Германија, цената на дизел возилата постојано опаѓа бидејќи во многу градови е ограничено нивното движење во центарот на градот. Дизел возилата со еуро стандард 5 не можат да се продадат, а слабо оди и продажбата на еуро стандард 6 половните возила, пренесува RTS.

<

Новите дизел возила со еуро стандард 6 се се поевтини. Германците не сакаат да купуваат дизел возила.

Околу 6 милиони дизел возила во Германија го чекаат наредниот сопственик.

„Ова е половниот Passat Euro 6, кој досега го продававме за 29.000 евра. За истиот автомобил, сега нудиме 21.000 евра и никој не сака да го купи. Доколку ја спуштиме цената, ќе бидеме во загуба“, вели еден од продавачите на половни автомобили во Германија.

Заработката од продажбата на половни автомобили во Германија е се помала, а многумина продавачи на половни автомобили банкротираат поради лошата ситуација.

„Според нашите проценки, на плацовите за автомобили има 350.000 дизел возила со еуро стандард 5. Тука „се заробени“ повеќе од 5 милијарди евра“, велат германските продавачи на поволни возила.

Не е тајна дека најчести купувачи на половните дизел возила се жителите на Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

frontline.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...